Едно лице загина, а две се повредени во престрелка во хотел во Приштина

March 18, 2023
1 min read

Во моментов полициски истражители во координација со државниот обвинител работат на расветлување на сите околности поврзани со овој настан, информираат од полицијата

Едно лице го загуби животот додека други две се повредени во престрелка што се случи денеска во хотел во населбата Арберија во Приштина.

Портпаролката на косовската полиција за регионот на Приштина Фљора Ахмети, за РТК изјави дека пукањето во полиција било пријавено денеска околу 12:30 часот. Според неа, по пристигнувањето на полицијата и медицинските екипи на местото на настанот, истите констатирале смрт на едно лице, додека другите две лица се испратени на понатамошно лекување.

„Според првичните информации, едно лице е повредено од огнено оружје и починало на лице место, лекарската екипа ја констатирала смртта, додека уште две повредени лица се упатени на понатамошно лекување. Во моментов полициски истражители во координација со државниот обвинител работат на расветлување на сите околности поврзани со овој настан“,

рече Ахмети.

Фото: РТК

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Први снимки од силниот земјотрес во Еквадор: Луѓето панично бегаат, зградите се уриваат

Следно

Најмалку шест луѓе загинаа по земјотресот во Еквадор

Latest from Blog

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од
Go toTop