Двајца пациенти добија органи од починат донор – во добра состојба се!

1 min read

Двајцата пациенти кај кои беше извршена трансплантација на органи од починат донор се во добра општа состојба,овие денови за нив се грижеа медицинските тимови на Клиниките за нефрологија, урологија и КАРИЛ.

„Интервенциите се успешни, со уреден постоперативен тек и пациентите се веќе пуштени на домашно лекување. Им посакуваме успешно закрепнување“ – вели проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за транплантација.

Благодарение на хуманиот чин, храброста и емпатијата на едно семејство кое одлучи да даде согласност за донирање на органите од свој близок, двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрег и ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа.

Таа упати огромна благодарност за сите медицински тимови и болнички координатори вклучени во трансплантацијата.

ИЗВОР: ТВ 21

Претходно

Мицкоски признава дека неговиот план за ЕУ не дава резултати

Следно

МОН инвестира 36 милиони денари, се надградува основното училиште „Ацо Шопов“ во Радишани

Latest from Blog