Битола со силен потенцијал: зелени работни места во фокусот на енергетската транзиција

May 6, 2026
1 min read

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски и амбасадорот на Шведска Ола Сулстром, денеска се обратија на настанот за вмрежување на Локалните економско-социјални совети (ЛЕСС), посветен на темата „Праведна енергетска транзиција во Пелагонија – нови вештини, иновации и одржлив економски развој”.

Настанот е во организација на МКЦ Битола и Еко-свест од Скопје, а во соработка со Локалниот економско-социјален совет на општина Битола.

На еден од панелите свое обраќање имаше и заменик претседавачот на Локално економскиот социјален совет на Битола, Борче Димитровски.

„Праведната транзиција е реалност и повеќе пати Локалниот економско социјален совет и Општина Битола ги отворале овие значајни теми кои се специфични сами по себе, но треба да ги прилагодиме на ниво за секој граѓанин да разбере за што конкретно зборуваме. Едно е да имаме документи и хартија, а сосема друго е она што се случува на терен. Поддеднакво е важно изготвувањето на плановите, документите за патоказот на праведната транзиција, но уште поважно е како тоа се реализира на терен. Општина Битола има капацитет за подготовка на проектни документации и може да се вклопи согласно законските регулативи и надлежности на општината“, рече Димитровски.

Според него еден од индикаторите кој што треба за 2026 и поконкретно за 2027 година да се воведе е да се следи бројот на ново отворени зелени работни места во Битола, која има потенцијал за тоа.
Пред петнаесет дена 11 парцели се продадени во Индустриската зона Жабени и тоа значи нови работни места и таа зона е една иднина за отворање нови зелени работни места, истакна Димитровски.

Пред присутните поздравни обраќања имаа и претседавачот на ЛЕСС, Никола Трпеновски, директорот на МКЦ Битола, Сашо Додовски и Ана Чоловиќ Лешоска, извршна директорка на Еко Свест.

Емилија Сарафска од работна група за праведна транзиција при Министерство за енергетика, го објасни текот на реализација на акцискиот годишен план и работата на работните групи во министерството.

Настанот има за цел да поттикне конструктивен дијалог и засилена соработка помеѓу институциите, локалната самоуправа, бизнис секторот, синдикатите, образовните институции и граѓанските организации. Фокусот ќе биде ставен на напредокот во процесот на праведна енергетска транзиција, имплементацијата на планираните активности, како и на креирање идни насоки за одржлив развој на Пелагонискиот регион.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Andonovski: Pres që Maqedonia të jetë vendi i parë që do të ketë roaming pa kosto shtesë me BE-në

Следно

Овој викенд во Битола, Binance носи спој од традиција и иновација со ќебапи и криптовалути

Latest from Blog

Божиновска: Интрадеј пазарот е клучен чекор кон зелена и конкурентна енергетика

Со официјалното започнување на Пазарот во тековниот ден (Intraday Market), Македонија прави значаен исчекор кон целосна либерализација, модернизација и европска интеграција на електроенергетскиот пазар. Настанот, организиран од Националниот оператор на пазар на

ВЛЕН: Редот во Чаир ги нервира партијата од „Соравија“ и милионерите од Мала Речица

Скопје, 6 мај 2026 – Коалицијата ВЛЕН денеска излезе со остро соопштение во кое ја обвинува Демократската унија за интеграција (ДУИ) за, како што велат, „рециклирање на стари политички наративи“ и неспособност

„Нож и виљушка на европска чинија“: Европска атмосфера со македонски дух на 9 мај во Паркот на Франкофонијата

Скопје, 6.05.2026 – Паркот на Франкофонијата на 9 мај ќе биде отворена градска сцена на која европската култура ќе се сретне со македонската традиција, музика, вкусови и препознатлива дружељубивост. Под симболиката на
Go toTop