ДУИ: Обидите на „Вреди“ да клеветат, не се ништо друго освен политичка злонамерност и завист

August 9, 2025
1 min read

ДУИ реагира на тврдењата на движењето „Вреди“ дека министерот за надворешни работи Бујар Османи спроведувал сомнителни тендери во МНР, поврзани со организацијата на Министерскиот состанок на ОБСЕ во 2023 година.

Според партијата, овој состанок бил најголемиот и најзначајниот меѓународен настан организиран досега во Северна Македонија, кој во текот на три дена ја ставил земјата во центарот на светската дипломатија. Настанот собрал министри за надворешни работи и делегации од целиот ОБСЕ простор, а бил пофален од сите меѓународни партнери и институции како „совршено организиран“ и „момент што ги направи горди сите граѓани“.

ДУИ нагласува дека сите надлежни државни институции, вклучувајќи ги и органите за надзор, ја потврдиле законитоста, транспарентноста и примерната реализација на настанот.

„Обидите на ‘Вреди’ да клеветат не се ништо друго освен политичка злонамерност и завист. Ниту еден извештај не утврдил незаконитост, ниту една постапка не е прекршена, ниту еден договор не е нелегален,“ наведуваат од партијата.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Поради планот на Израел за целосна окупација на Газа, Турција ќе свика итен состанок на ОИС

Следно

Ристовски: 4,6 милиони денари вложени во нови спортски содржини во Центар

Latest from Blog

Дојде пекол: Во Македонија и на Балканот почнa топлотниот бран, прогноза за следните денови

Балканот влегува во уште еден жежок викенд, со температури кои на места ќе достигнат и надминат 40 степени. Метеоролозите предупредуваат дека во следните два дена, од сабота до недела, регионот ќе биде

Средбата Путин – Трамп ќе се одржи во петок во Алјаска

Размена на територии или прекин на војната помеѓу Русија и Украина ќе биде централната тема на претстојниот самит меѓу двајцата светски лидери, закажан за наредната недела во Алјаска. За американскиот претседател Доналд

Министерството за здравство времено ги презема ингеренциите на стоматолошката комора

Лиценцирањета на стоматолозите привремено ќе ги прави министерството за здраство наместо комората. Министерот Азир Алиу ја донел одлуката поради сомневање дека имало злоупотреби при издавањата. Алиу на прес појасни дека одземањето на

Во Појасот Газа, каде што Израел спроведува глад, уште 11 лица починаа од глад во последните 24 часа

ИСТАНБУЛ (АА) – Уште 11 Палестинци починаа од глад во последните 24 часа во Појасот Газа, каде што владее глад поради израелските напади и блокади, со што бројот на смртни случаи се
Go toTop