ДУИ и СДС си ги делат и криминалот и апчињата за заборавање- паничат поради губењето на власта и раскринкувањето на нивните злоупотреби

December 25, 2024
1 min read

Забележана е појавата на ширење на употребата на апчињата за заборавање од СДС и ДУИ. Очигледно, како што си го делеа криминалот, така си ги делат и лековите. ДУИ и СДС продолжуваат со деструктивни соопштенија, кои се резултат на нивната паника и вознемиреност поради драматичното губење на довербата од граѓаните. Вчерашното соопштение од ДУИ не е ништо повеќе од очајнички обид да се дефокусира јавноста од вистинските проблеми – криминалите што ги оставија зад себе и нивната неспособност да обезбедат правна држава, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-ДУИ нема право да зборува за правда кога токму нивните функционери 20 години ја злоупотребуваа власта за лично богатење. Нивниот страв е оправдан – времето на недопирливост заврши. Правдата ќе ги стигне сите кои мислеа дека можат вечно да владеат, уништувајќи ја државата и народот.

ДУИ треба да се соочи со фактот дека ја претвори Македонија во држава со селективна правда и нефункционални институции. Наместо да покажат одговорност за пустошот што го оставија, тие упорно се обидуваат да шират паника и конфузија.

За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ е посветено на воспоставување ред и правда за сите граѓани – Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи и Бошњаци. Доста беше поделби и привилегирани граѓани од прв ред, додека остатокот беше оставен на маргините.

ДУИ треба да си одговори себеси – што направи за Албанците во Македонија во изминативе 20 години, освен што ги натера да се иселуваат?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

„Наместо да се занимаваат со конструктивни политики, тие продолжуваат со нападни и панични изјави кои го откриваат нивниот вистински страв – губењето на моќта и привилегиите.

Време е ДУИ и СДС да разберат дека граѓаните избраа промени, избраа правда и еднаквост. Наместо да произведуваат деструктивни реакции, им препорачуваме конечно да се вразумат, да се реформираат и да почнат да работат во интерес на државата.

Премиерот Мицкоски е фокусиран на реформи, на економски развој и на владеење на правото, а не на манипулативните конструкции на ДУИ и СДС.

Македонија оди напред, без корупција, без привилегирани елити и без политичари кои мислат дека се недопирливи. Времето на ДУИ и СДС заврши – времето на ред, правда и развој штотуку започна“.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ: Да продложиме да ја градиме Македонија со нова сила во заедништво како што сите ние заслужуваме

Следно

Зошто Божиќ се слави во различни денови?

Latest from Blog

Дрво падна врз автомобил во Струмица

Вечерва околу 20 часот, дрво паднало врз автомобил во Струмица, на улицата Ванчо Китанов. Регирала и противпожарната служба, и за среќа нема повредени. „Вечерва (недела) 11.05.2025 година, околу 20.00 часот на ул.Ванчо

Шукова: Чиста животна средина, приоритет во програмата на СДСМ за локалните избори 

Животната средина треба да ја гледаме како предност, не како трошок, тоа е еден од секторите кои исто така треба да го усогласиме со европските регулативи, порача потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на

Ракометарите на Македонија убедливи против Литванија за нов пласман на ЕП 2026

Најдобрата машка ракометна репрезентација на Македонија ќе ја продолжи низата настапи на големи натпреварувања, започната во далечната 2012 година. Македонија го избори деветтиот пласман на ЕУРО, што е 15 големо натпреварување во
Go toTop