ДУИ алармира, Касами и Меџити: Бидете спокојни, време е за одговорност!

December 7, 2024
1 min read

Откако за 11 декември е закажана седницата на која Уставниот суд ќе одлучува за Законот за јазиците, од опозицијата пристигнаа бројни реакции, главно критики и обвинувања кон власта.

На изјавите од опозицијата реагираше и претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, кој изјави дека додека беа на власт (н.з мислејќи на ДУИ), не се интересирале за албанските прашања, но сега, кога дојде време за одговорност, го менуваат пристапот. Касами истакна дека, кога станува збор за албанските прашања, „нека спијат мирно“, бидејќи, како што вели, тие се во сигурни раце, заштитени од вистинските албански чувари.

„Денес, кога на Али Ахмети и неговите блиски им се затвори чешмата од државниот буџет, одеднаш се сетија на албанските прашања, меѓу кои и прашањето за албанскиот јазик! 22 години на власт, Али Ахмети не се интересираше ниту за јазикот, ниту за знамето, ниту за невините затвореници во случајот „Монструм“, ниту за поранешните борци на УЧК, ниту за ништо што е албанско. Затоа што во тоа време, тој се грижеше само како да ги збогати своите блиски и како да купат трговски центри, како што е Соравиа!“, вели Касами.

Додека тој се збогатуваше, албанските прашања и Албанците паднаа на најниско ниво, дури полошо од времето на Милошевиќ, додава Касами.

„Сега, кога дојде времето за одговорност и кога корумпираните од ДУИ треба да се подготвуваат за затвор, Али Ахмети одеднаш се сети на албанските прашања. Јас ви велам дека, кога станува збор за националните прашања, Али Ахмети и неговите соработници можат да спијат мирно, бидејќи албанските прашања се во сигурни раце, заштитени од вистинските албански чувари. Но, ако не можат да спијат поради злосторствата што ги направиле, тогаш со жалење велам дека не можеме да им помогнеме, но исто така нема да ги спасат ниту нивните планови за дестабилизација. ВРЕМЕ Е ЗА ОДГОВОРНОСТ“, изјави Билал Касами.

Првиот вицепремиер на Владата, Изет Меџити, запрашан за седницата на уставниот суд, рече дека законот за употреба на јазиците произлегува од Охридскиот договор и кој ќе го чепне овој договор влијае на меѓуетничките односи во Северна Македонија.

„Ги повикувам и институциите и граѓаните да бидат со ладна глава за оваа работа. Го поканувам и Уставниот суд да го гледа ова како политичко, а не само правно прашање, бидејќи законот за јазиците произлегува од Охридскиот договор, кој е столб на оваа држава, новиот устав е изграден врз Охридскиот договор. Секој што влијае на Охридскиот договор влијаел на меѓуетничките односи и на стабилноста на оваа држава“, вели Изет Меџити.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во Бугарија се разочарани што родопската гајда не е на листата УНЕСКО, како што се македонската и турската

Следно

ВЛЕН: Зголемување на платите за здравствените работници – Подобра грижа за граѓаните!

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop