ДСЗИ ќе бара од Таравари формирање стручна комисија за лекувањето на деветгодишното дете

January 20, 2025
1 min read

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе побара од министерот за здравство Арбен Таравари да се формира стручна комисија за лекувањето на деветгодишното дете од светиниколско, кое почина на 14 јануари. Информацијата денеска за МИА ја потврди директорот на Инспекторатот, Кирил Лазов.

Вонреден инспекциски надзор за лекувањето на детето беше извршен на три места – почнувајќи од матичниот лекар, Клиничката болница – Штип и на Клиниката за детски болести во Скопје. Од извршените вонредни инспекциски надзори во овие здравствени установи, Државниот санитарен и здравствен инспекторат не констатирал недостатоци.

Стручната комисија треба да утврди дали имало некоја лекарска грешка при лекувањето на деветгодишното дете.

Во приватната здравствена установа, детето се појавило заради болки во стомакот и повраќање, кашлање, висока температура и не спиење претходниот ден.

– При преглед, детето било поспано, афебрилно, без убедливи знаци за дехидратација. Направени му се лабораториски испитувања по што дадена му е инфузиона терапија во тек на која кај детето настапува сомнолентност со слаба реакција на говор заради што е упатено во ЈЗУ Клиничка болница – Штип, беше појаснето од страна на ДСЗИ по надзорот.

Во Клиничката болница во Штип, детето било донесено со такси возило, примено попладнето околу 18 часот, прегледано од дежурен доктор при што била поставена дијагноза сомноленција.

– Во ЈЗУ КБ – Штип, повторно му се извршени лабораториски испитувања и дополнително КТМ на глава. Заради општата лоша здравствена состојба како и наодите од лабораториските испитувања и КТМ, детето во придружба на медицинска екипа – доктор, сестра, со болничко возило транферирано е во ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести. Во ЈЗУ УК за детски болести, детето е донесено на 14 јануари во 20:25 часот како итен случај со дијагноза сомноленција по претходна најава и договор за прием со дежурен доктор од Одделот за неврологија на Клиниката. На прием детето е во општа тешка состојба поради што веднаш е започната со рехидратација и корекции на биохемиски параметри. Во 22:25 часот има дополнително влошување со респираторен и кардиак аррест, започната е реанимација во тек на која е симнато на ОИНТ за понатамошен третман. Состојбата на детето и понатаму се влошува и покрај сите пропратни интервенции, реанимацијата не е прифатена и во 23.30 часот настапува егзитус, појаснија од ДСЗИ.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Средношколски Форум: Денеска нема настава во 90 отсто од средните училишта во Белград

Следно

Концертот „Филхармонија на кирилица“ ќе се одржи без солитичкиот дел на пијанистката Нина Костова

Latest from Blog

Граѓаните на БиХ денеска и утре ги бојкотираат продавниците

Во Босна и Херцеговина денеска почнува дводневен бојкот на продавниците, инициран од неформална група граѓани. Групата повика на бојкот преку социјалните мрежи како одговор на постојаниот раст на цените на основните прехранбени

Песков: Русија и САД не започнале разговори за средбата Путин-Трамп

Руските и американските власти се уште не започнале разговори за можна средба меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп, изјави за Си-Ен-Ен портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Песков рече дека двајцата лидери

Турското разузнавање неутрализира висок терорист на ПКК во Ирак

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) – Турската Национална разузнавачка агенција го неутрализира Мурат Келеш, висок припадник на терористичката ПКК/КЏК, во операција во Северен Ирак, соопштија денес турски безбедносни извори, јавува Анадолу. Терористот, кој се криел

Нетанјаху: Палестинците да основаат своја држава во Саудиска Арабија

АНКАРА (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предложи Палестинците да основаат своја држава во Саудиска Арабија наместо во сопствената татковина, отфрлајќи го секој поим за палестински суверенитет, јавува Анадолу. „Саудијците можат да
Go toTop