Довербата во судско-обвинителските институции е на рекордно ниско ниво

1 min read

Довербата на граѓаните во судско-обвинителските институции е на рекордно ниско ниво, вака како досега очигледно не бива, порача премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги реакциите на најавеното распуштање на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители и изрази подготвеност да разговара со експерти, но и со амбасадорите доколку понудат подобро решение.

Според претседалката Гордана Сиљановска Давкова овие две тела во моментов како да не постојат и потребни се сериозни законски измени.

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски пак смета дека Владата и Собранието имаат легитимно право и уставно овластување ако увидат слабости да пристапат кон измени и дополнување на одредени законски решенија, но дека тоа, мора да бидат во согласност со Уставот.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

„Израел нема да запре во Газа додека не ги постигне своите цели“, му рекол Нетанјаху на Бајден

Следно

На демократите мил им е Бајден, ама помил им е мандатот

Latest from Blog