Досега 69 загинати на антивладините протести во Перу

1 min read

БОГОТА (АА) – На антивладините демонстрации што се одржуваат во Перу животот го загуби уште едно лице кое било рането на 28 март, пренесува Анадолу.

Според вестите објавени во перуанските медиуми, 37-годишниот Мануел Киља, кој бил повреден во антивладините протести, починал во градот Хулијака во областа Пуно.

На тој начин, бројот на загинати во демонстрациите што започнаа на 11 декември 2022 година се зголеми на 69.

Членовите на семејството, кои дадоа изјави по смртта на Киља, тврдат дека Киља умрел како резултат на тортурата на која бил изложен во полициската станица.

Според организациите за човекови права во Перу, се тврди дека 50 од 69 смртни случаи на протестите се резултат на директна интервенција од страна на безбедносните сили.

Демонстрантите бараат оставка од претседателката Дина Болуарте, затворање на Конгресот и итно одржување предвремени избори.

Протестите во Перу започнаа откако поранешниот претседател Педро Кастиљо беше разрешен од страна на Конгресот на 7 декември 2022 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Претходно

Туркије го осуди упадот во џамијата Ал Акса и приведувањето Палестинци од страна на израелската полиција

Следно

„Спортуваме за Аеродром“: Општина Аеродром в сабота слави 18-ти роденден

Latest from Blog