Доналд Трамп ќе биде прв поранешен претседател на САД кој е обвинет

1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Доналд Трамп ќе стане прв поранешен претседател на САД во историјата на Америка кој поради обвинение ќе излезе пред судија, јавува Анадолу.

Адвокатот на Трамп, Џо Такопина, соопшти дека во рамките на истрагата њујоршката порота гласала за обвинување на Трамп поради наводен секс надвор од брак и исплата на 130.000 долари како „пари за молчење“ на Сторми Даниелс, актерка во филмови за возрасни.

На тој начин Трамп ќе стане прв поранешен претседател на САД во американската историја кој поради обвинение ќе излезе пред судија.

Трамп, кој е кандидат на претседателските избори што во САД ќе се одржат во 2024 година, на 18 март објави дека очекува да биде приведен во врска со истрагата на окружниот обвинител на Менхетен и од тие причини повика на протест.

– Исплата на „пари за молчење“ –

Актерката од филмовите за возрасни Сторми Даниелс тврди дека во 2016 година потпишала договор за исплата на 130.000 долари за да молчи за нејзиниот наводен сексуален однос со Трамп, но договорот не бил важечки бидејќи не бил потпишан од Трамп.

Додека Трамп ги негираше наводите на Даниелс, Мајкл Коен, адвокат на Трамп пред изборната кампања во 2016 година, потврди дека од неговата сметка, во име на Трамп, на Даниелс ѝ биле исплатени 130.000 долари.

Коен тврдеше дека подоцна компаниите на Трамп како бонуси му исплатиле средства во висина од околу 420.000 долари.

Во рамките на истрагата за изборната кампања на Трамп, Коен во декември 2018 година беше приведен под обвинение за „лажење“ и „даночно затајување“ и осуден на три години затвор, по што беше пратен на отслужување на казната во федералниот затвор во Отисвил во мај 2019 година.

Во тој период федералните обвинители почувствуваа потреба да поведат каква било истрага против Трамп, но Окружното обвинителство на Менхетен ја започна истрагата што е позната како исплата на „пари за молчење“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Туркије: Соседите ги чуваат фотографиите и личните работи на загинатите во земјотресот

Следно

Стефковски: Отворивме нова сензорна соба, единствена во Македонија од ваков тип

Latest from Blog