Дојави за бомби во клиничкиот центар „Ѕвездара“, ВМА и Зоолошката градина во Белград

May 19, 2023
1 min read

Од Министерството за внатрешни работи велат дека антитерористичките екипи се на терен и се вршат проверки

Дојави за поставени експлозивни направи утринава пристигнале во Клиничкo-болничкиот центар „Ѕвездара“ и во ВМА во Белград, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата за српскиот национален радиодифузен сервис – РТС потврдуваат дека дојава за бомба има и во Зоолошката градина во Белград.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека антитерористичките екипи се на терен и се вршат проверки.

Пред два дена дојави за бомби имаше стигнато во 115 училишта во Белград. По извршените проверки од страна на антитерористичките екипи во сите 115 училишта, било утврдено дека нема експлозивни направи и дека пријавите се лажни.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Погребот на кралицата Елизабета ја чинеше британската Влада 162 милиони фунти

Следно

Националната турнеја на проектот „Простор за разговор“ денеска продолжува во Битола

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop