Доха Форум 2024: Итно потребни решенија за проблемите со кои се соочува светот

December 7, 2024
1 min read

ДОХА (АА) – Во главниот град на Катар денеска започна дводневниот Доха Форум 2024, кој се одржува на тема „Потреба од иновации“, а собра еминентни учесници од целиот свет, јавува Анадолу.

Премиерот на Катар и министер за надворешни работи шеик Мухамед бин Абдурахман Ал Тани говореше на отворањето на Форумот и истакна дека изборот на овогодинешната тема ја одразува потребата од нова визија која се занимава со предизвиците со кои се соочува човештвото.

„Итно ни требаат решенија за проблемите со кои се соочува светот. Обидот за решавање на проблемите со претходните традиционални пристапи само доведе до репродукција на истите потешкотии, а се покажува дека можеби и дополнително да ги влоши“, рече Ал Тани.

Истакнувајќи дека Форумот во Доха стана платформа за дијалог, но и глобална платформа која ги собира лидерите со цел да се соочат со предизвиците и да ги редефинираат решенијата, Ал Тани рече дека кризите во светот се интензивни како никогаш претходно и дека се потребни нови пристапи за мир, стабилност и развој.

Нагласи дека последиците од хуманитарната трагедија во Газа продолжуваат да се шират во Либан и Сирија, и дека треба да се вложат сите можни напори за итно ставање крај на оваа трагедија.

„Случувањата на кои сме сведоци денес во Газа се резултат на овој невиден циклус на насилства и човечки трагедии. Тоа претставува еклатантен пример на геноцид кој се одвива пред нашите очи, а кој ќе има сериозни последици што ќе ја загрозат стабилноста на целиот регион“, посочи Ал Тани.

Во рамките на Форумот во Доха врачени се признанија на шест новинари, нив ги врачи емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани.

Новинарите Ваел Дахдух, Мотаз Азаиза, Кармен Џоухадар, Дилан Колинс, Садаф Поползаи и Кристина Аси се наградени за нивната храбра и професионална работа во зоните на судири.

Форумот во Доха е глобална платформа за дијалог што ги обединува политичките лидери на разговори за клучните предизвици со кои се соочува светот и за креирање иновативни чекори ориентирани кон дејствување.

Форумот има за цел да ја зајакне соработката за поодржлив и помирен свет преку здружување на носителите на одлуки од сите страни на светот.

Меѓу суштинските партнери на Форумот во Доха е и Дипломатскиот форум во Анталија, кој турското Министерство за надворешни работи ќе го организира по четврти пат од 11 до 13 април 2025 година.

Анадолу е глобален комуникациски партнер на 22-то издание на Форумот во Доха.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Магла на патот Тетово-Попова Шапка

Следно

Министрите за надворешни работи на Туркије и Иран разговараа за Сирија во Доха

Latest from Blog

Серафимовски во Отворено: Британскиот заем е за поздравување бидејќи ќе се работи на проекти кои се значајни за државата

Андреја Серафимовски од Здружение на гардежништво во Отворено рече дека, британскиот заем е за поздравување бидејќи ќе се работи nа проекти кои се значајни за државата. Според него, најважно е да се

Стојкоски и ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче предвиделе 5,5 милиони евра од згради – 0 за градинка, училиште и гаража!

Александар Стојкоски и ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче предвиделе 5,5 милиони евра од згради – 0 за градинка, училиште и гаража!, рече денеска советничката на СДСМ во Советот на Општина Ѓорче Петров, Маја

Шанси за мир?

Мали се шансите за постигнување мир во Украина. Ова го велат светски експерти по двочасовниот телефонски разговор кој го имаа претседателите на САД и на Русија Доналд Трамп и Владимир Путин. Трамп
Go toTop