Додик: БиХ дојде до својот крај

May 22, 2024
1 min read

Босна и Херцеговина дојде до својот крај или попрецизно ѝ ставија крај оние кои се колнеа во неа, оцени денеска претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

„Останува само сите да се потрудиме да бидеме добри соседи и да се разделиме во мир“, рече Додик.

На платформата Икс тој напиша дека резолуцијата за Сребреница, која, како што вели, ја протуркале Бошњаците преку нивните ментори насила, кршејќи го Уставот, ќе доведе до разграничување на Република Српска и ФБиХ.

„Не можеме ниту да ја заборавиме ниту да ја простиме лагата што ни ја кажуваат Бошњаците. Нема начин да се поправи штетата предизвикана од туркањето на оваа резолуција. И после да не биде дека не сме ги предупредиле“, напиша Додик.

Во друга објава на Икс, тој напиша: Со одлуката за резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на ОН, потпишан е крајот на Босна и Херцеговина и утре на состанокот на Владата на Српска во Сребреница,  на федералната страна ќе и биде предложено мирно раздвојување.  (МИА)

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВЕЉКО И АНАСТАСИЈА ПОВЕЌЕ НЕ КОМУНИЦИРААТ ИСТО: Откако сестра му се омажи за фудбалерот се е сменето, сега откри приватна преписка! (ФОТО)

Следно

Бишевац за ТВ 24: Ако новата владејачка коалиција ги покаже првите резултати од ветувањата во изборната кампања, нивниот период на владеење ќе трае подолго

Latest from Blog

Израел уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Газа

АНКАРА (АА) – Израелската армија рано утринава уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Кан Јунис, јужниот дел на Појас Газа, јавува Анадолу. Канцеларијата за медиуми на Владата со

Од 1 јуни македонските компании ќе снабдуваат 1000 потрошувачи со струја на косовскиот пазар

Од 1 јуни македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе имаат можност да снабдуваат нови 1000 потрошувачи од косовскиот пазар, каде стартува дополнителната фаза на либерализацијата на пазаротсо електрична енергија. Ова
Go toTop