ДИК усвои упатство за начинот на утврдување на идентитетот на гласачот

1 min read

Вкупно 2.571 државјан на Македонија ќе можат да гласаат во 31 дипломатско – конзуларно претставништво и конзуларни канцеларии на Македонија во странство за претседателските избори. 

Државната изборна комисија  со четири гласа „за“ и два „против“ усвои упатство за начинот на утврдување на идентитетот на гласачот, со коешто се утврдува дека само еднаш ќе може да се оди на избирачките места за гласање на двојните избори на 8 мај – парламентарните и вториот круг од претседателските избори. 

Со ова предлог упатство избирачкиот одбор задолжително ќе ги прашува граѓаните за кој вид на избори сакаат да гласаат, а граѓаните имаат право да изберат и да се изјаснат за кој вид на избори ќе гласаат и тоа само за претседателски избори, само за парламентарни избори или и за претседателски и за претседателски избори, објаснуваат од ДИК.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Вулканот Ибу во централна Индонезија повторно исфрли пепел во висина од два километри

Следно

Герасимовски: Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и да ги пренаменуваат

Latest from Blog