ДИК: Досега поднесени 17 приговори за резултатите од парламентарните избори

May 10, 2024
1 min read

До Државната изборна комисија (ДИК) до овој момент пристигнати се 17 приговори кои се однесуваат на постапката за сумирање на резултатите од парламентарните избори, информира за МИА портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска-Алексовска.

–  Приговори за постапка за гласање нема. Приговори за постапката за сумирање на резултатите за парламентарните избори има поднесено од Коалицијата ВЛЕН – 9 и од Коалицијата „Твоја Македонија“ – 8, изјави за МИА портпаролката на ДИК.

Роковите за доставување приговори до ДИК за остварување на избирачко право завршија во 19:00 часот, додека роковите за поднесување приговори за претседателски е до 22:30 часот и до 23:30 часот за парламентарните избори.

ДИК за утре закажа јавна седница за објавување на конечност на резултатите за Претседателски избори.

Доколку по завршувањето на рокот вечерва во 22:30 часот нема приговори ДИК утре ќе го достави извештајот со конечните резултати од претседателските избори до Собранието, а потоа се очекува претседателот на Парламентот, Јован Митрески да ја закаже седницата во недела напладне за инаугурација на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова.

На 8 мај во земјава се одржаа двојни избори, вториот круг од претседателските избори на кои победи Гордана Силјановска Давкова и прламентарните избори на кои најмногу мандати освои ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: alsat.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЧУДА СЕ СЛУЧУВААТ НА ДЕНОТ НА СВЕТИ ВАСИЛИЈ ОСТРОШКИ: Погрижете се во недела да го направите ОВА, доколку имате болен во домот!

Следно

Најмалку седум загинати во пад на автобус во река во Санкт Петербург

Latest from Blog

Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтер е регистриран во близина на Крит

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала синоќа бил регистрирана близу грчкиот остров Крит, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, пренесе „Катимерини“. Според грчкиот весник, нема извештаи за

Трамп ќе се сретне со сирискиот лидер по најавата за укинување на санкциите

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека ќе ги укине санкциите против Сирија, пред очекуваната средба со нејзиниот лидер Ахмед ал-Шара, јави Би-Би-Си. Трамп се согласи да се сретне со привремениот претседател

Неколку кандидати за тренер на Новак Ѓоковиќ

Пред Ролан Гарос Новак Ѓоковиќ бара нов тренер, а постои листа на очигледни кандидати за тоа место. Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, повлече (не)очекуван потег пред Ролан Гарос – одлучи
Go toTop