Диди бара префрлање во друг затвор

October 13, 2025
1 min read

Пи Диди , некогаш еден од највлијателните луѓе во музичката индустрија, беше прогласен за виновен за организирање повеќедневни секс забави во кои учествуваа неговите поранешни партнерки и машки сексуални работници.

Покрај затворската казна, тој ќе мора да плати 500.000 долари и да учествува во програми за ментално здравје и лекување на зависност. Во барањата што ги поднесоа до федерален судија, адвокатите на Комбс тврдат дека престојот на раперот во MDC Brooklyn е неподнослив и дека се плаши за сопствената безбедност.

Поради тоа, Диди бара да го отслужи остатокот од казната во FCI Fort Dix во Њу Џерси – отворен затвор познат по своите терапевтски и образовни програми. Учеството во програми за лекување на зависност, образовни и работни активности би му обезбедиле стабилност и структура за закрепнување – наведе неговиот адвокат во поднесокот, додавајќи дека преместувањето би овозможило и почести семејни посети. Комбс моментално е во специјална единица во MDC Brooklyn.

Единицата е позната по речиси целосна изолација на затворениците и екстремно лоши услови. Во писмо до судијата, раперот го опишал својот секојдневен живот како нехуман, тврдејќи дека во затворот нема чиста вода за пиење и доволно простор за затворениците.

„Го изгубив патот во животот. Поради моите одлуки, ја изгубив слободата, кариерата и угледот. Но, најлошо од сè, ја изгубив самопочитта“, рече Комбс при изрекувањето на пресудата, додавајќи дека затворот го принудил да се соочи со своето минато.

Тој, исто така, забележа дека ова бил неговиот прв подолг период на целосна трезвеност во последните 25 години.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Албанија од денеска воведе привремена забрана за употребата на електрични тротинети

Следно

Униформи и оброци за учениците – дел од програмата на Меџити

Latest from Blog

Фон дер Лајен од Тирана: Албанија е на вистинскиот пат кон ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која денеска престојува во Тирана, што е нејзина прва дестинација во рамки на турнејата во Западен Балкан, на заедничката прес-конференција, со премиерот Еди Рама,

Де ла Фуенте со 2 милиони евра е европски првак, а Пикси со 1,5 милиони ја бламираше својата земја!

ФОТО: Fudbalski savez Srbije/FB Конечно најслабиот селектор во историјата на фудбалот, а се знае дека тоа е Драган Стојковиќ – Пикси остана без работа. По онаа бламажа во Лесковац, каде Албанците му

Мицкоски: Клучката кај Момин поток е еден од врвните приоритети

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба со претставниците на Стопанската комора на северо-западна Македонија одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа кога се очекува да биде готова клучката кај

Униформи и оброци за учениците – дел од програмата на Меџити

Кандидатот за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, претстави дел од својот изборен програм посветен на образованието, со цел да се обезбедат еднакви можности за сите ученици во општината. Според програмата, сите
Go toTop