Децата на Газа

1 min read

УНИЦЕФ ја прогласи Газа за најопасно место во светот да се биде дете.

Трагедијата започна кога на 7 октомври лани, Хамас изведе ненадеен брутален напад во кој загинаа 1.200 луѓе и зема околу 250 заложници (116 од нив остануваат во заробеништво). Израел започна уште побрутален контранапад во кој, според Министерството за здравство на Хамас, убиени се речиси 40.000 Палестинци. Од нив 14.000 се деца. УНИЦЕФ вели дека бројот на загинати веројатно е многу поголем.

* види: Можно е во Газа да има преку 186.000 загинати!

Многу деца умираат додека се на листа на чекање за помош, вели Тарек Хаилат, раководител на програма која досега има евакуирано 200 деца надвор од Газа.

„Скршена нога во Америка и скршена нога во Газа не е исто. Скршена нога во Газа значи дека најверојатно ќе ви ја ампутираат таа нога, што значи дека најверојатно ќе добиете инфекција после таа ампутација, што најверојатно значи дека ќе умрете“.

Доктор Марк Перлмутер, ортопедски хирург од Северна Каролина и потпретседател на Меѓународниот колеџ за хирурзи, волонтирал во Газа од крајот на април до првата половина на мај.

„Сите катастрофи што сум ги видел досега, 40 мисии, 30 години, 11-ти септември, земјотреси, сето тоа заедно – не е рамно на нивото на масакр што го видов врз цивили само во првата недела во Газа“.

А цивилните жртви, вели тој, речиси исклучиво се деца.

„Никогаш не сум видел такво нешто“, вели  тој. „Видов повеќе запалени деца отколку во целиот мој живот. Видов деца на кои им недостасуваат делови од телото, разнесени од ракети или згмечени од згради. Во нив имаше огромни шрапнели но и и снајперски куршуми.

– Сакате да кажете дека се гаѓани од снајпери? – го прашува новинар на CBS News.

„Дефинитивно“, вели доктор Перлмутер објаснувајќи дека децата некогаш биле толку прецизно погодени право в срце или во глава што не е можно да не се работи за снајпер.

Неговиот опис го потврдуваат над 20 други лекари кои неодамна биле во Газа. На еден од нив не ми се верувало колку многу деца можат да бидат примени во една болница со прецизни прострелни рани на главата.

***********

Еден од ретките случаи со хепиенд. Двегодишниот Јоод Дамо чија фотографија од Газа своевремено го обиколи светот, во меѓувреме евакуиран е и опоравен во Чикаго каде се наоѓа и денес со татко му.

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

Крстевска за ТВ 24: Кои се предностите на германската програма за дуално образование

Следно

Северна Македонија не ги оправда надежите за уставни измени – Сарацин во интервју за бугарскиот весник „Труд“

Latest from Blog