Детали за убиството кај Млечен: Осомничениот пукал неколкупати, потоа со кундакот удирал во главата на жртвата

March 31, 2023
1 min read

Убиениот, кој бил во алкохолизирана состојба, осомничениот и уште две лица пристигнале заедно во казиното, играле на апаратите, а потоа се скарале. Подигнати се траги од местото на убиството, а обезбедени се и снимки од видеонадзорот

Осомничениот и убиениот во казиното во непосредна близина на Млечниот ресторан во Скопје дошле заедно, играле на апаратите, а потоа почнале да се расправаат.

Ова се дел од деталите што ги соопшти Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје кое направи увид на местото на убиството.

Жртвата, според првичните информации, е на возраст од 46 години. Убиениот, кој бил во алкохолизирана состојба, осомничениот и уште две други лица пристигнале во казиното. Откако се скарале, осомничениот прво пукал неколкупати кон починатиот, а потоа и го удирал во глава со кундакот од пиштолот.

„Извесно време играле на апаратите, а потоа жртвата започнал да се расправа и да се турка со едно од лицата со кои бил заедно во казиното. Другите двајца се обиделе да ги раздвојат, но осомничениот извадил пиштол и неколкупати пукал во оштетениот. Потоа со кундакот од пиштолот го удрил повеќепати во пределот на главата. Жртвата им подлегнала на повредите на самото место. Се трага по лицето за кое постои сомнение дека го извршило убиството“,

велат од ОЈО Скопје.

По наредба на обвинителот, телото на убиениот е дадено на обдукција, а ќе се врши вештачење на траги и докази подигнати од местото на настанот и ќе се разговара со сведоците. Обезбедени се и снимки од видеонадзорот.

МВР за случајот претходно извести дека починатиот е од Арачиново.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На САД не им се губат уште дронови над Црното море

Следно

Украина: Стапи во сила закон со кој се дозволува забрана на медиумите без судска одлука

Latest from Blog

Нови 243 содржини на македонски јазик на Википедија создадени за време на Вики-кампот на Попова Шапка

Преку создавање статии, дискусии и предавања, не само што ја збогатуваа Википедија, туку учесниците имаа можност и да дознаат повеќе за занаетчитството преку едукативни предавања, информираат од Викимедија МКД, невладина организација која

Ескалација на југоистокот – Тајланд започна воздушни напади, прекинат е „Трамп“ договорот за примирје

Мирот во Југоисточна Азија е прекинат. Тајланд започна воздушни напади долж спорната граница со Камбоџа, откако пропадна кревкото примирје кое во октомври го исдејствуваше американскиот претседател Доналд Трамп. Илјадници цивили повторно се

Пет работи што ќе ви помогнат да се справите со секојдневниот стрес

Светот околу нас се менува со голема брзина. Темпото кое ни го наметнуваат секојдневните обврски е жестоко, особено ако живеете во град. Лошата исхрана дополнително го слабее организмот и придонесува кон се

Николоски: Интензивно се работи на автопатот Тетово – Гостивар!

Интензивно се работи на автопатот Тетово – Гостивар! Силна динамика во комплетирањето на автопатското решение на Коридорот 8! Ја градиме Македонија, напиша на Фејсбук министерот за транспорт, Александар Николоски. Извор: kurir.mk
Go toTop