ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО ВРАЊЕ- 25 годишното македонско момче загинало откако си заминале од кафеана, па се вратиле по мобилен телефон

1 min read

Дваесет и петгодишен Македонец загинал во сообраќајната незгода што вчера се случила во близина на Врање, пренесуваат српските медиуми.

Како што објавија тие, момчето и неговите пријатели биле во кафеана во Врање и тргнале кон Македонија, но по пат се сетиле дека заборавиле мобилен телефон во кафеаната, па се вратиле да го земат.

Токму тогаш се случила незгодата, откако со автомобилoт удриле во насип на патот.

Во незгодата 25-годишното момче загинало, а останатите патници се повредени.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Герасимовски ја донираше платата за лекување на болен ученик

Следно

Тешко повреден мотоциклист од Скопје, паднал на коловоз

Latest from Blog