Десетици еврејски доселеници повторно упаднаа во Ал Акса

April 10, 2023
1 min read

КУДС (АА) – Десетици израелски доселеници денес насилно влегоа во комплексот на џамијата Ал Акса во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим) по повод еврејскиот празник Пасха, јавува Анадолу.

Очевидци за новинарот на Анадолу изјавија дека израелските полицајци утринава им забраниле на Палестинците помлади од 50 години да вршат утринска молитва во Ал Акса.

Очевидци потврдија дека полициските сили биле распоредени во дворот на џамијата пред да им дозволат на доселениците да влезат во Ал Акса.

Полициските службеници оддалечија голем број муслимански верници од дворот на џамијата за време на рацијата на доселениците.

Во неделата 912 доселеници влегоа во Ал Акса по повод Пасха, еврејскиот празник што трае до 12 април.

Откако израелските сили упаднаа во Ал Акса и ги избркаа верниците од комплексот на џамијата минатата недела, тензиите низ палестинската територија се зголемија. Израелските рации беа повод за ракетни напади од Појасот Газа и Либан, на што Израелците одговорија со воздушни напади.

Палестинците ги обвинуваат Израелците дека систематски го јудеизираат Источен Кудс, каде што се наоѓа Ал Акса, третото најважно муслиманско свето место.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Откриен идентитетот на тројцата Македонци што загинаа во Италија

Следно

Здравствената состојба на Берлускони постепено се подобрува, тврдат неговите лекари

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop