Десет загинати, 37 повредени во ракетен напад на Голанската висорамнина, соопштија израелските власти

1 min read

АЛ-КУДС (АА) – Најмалку 10 лица загинаа, а 37 се повредени во ракетен напад врз Мајдал Шамс, северниот дел на окупираната Голанска Висорамнина, објавија вчера израелските власти, известува Анадолу.

Иако портпарол на израелската војска го обвини Хезболах за нападот, либанската група ја отфрли одговорноста.

Израелската национална служба Црвената давидова ѕвезда за итна помош соопшти дека 10 лица загинале, а 37 се ранети од проектил кој паднал врз градот Мајдал Шамс во северниот дел на Голанска Висорамнина.

Во соопштението се додава дека 17-мина од повредените се во тешка состојба.

Израелската армија информираше дека израелски хеликоптери и воените сили во соработка со Црвената давидова звезда работат на евакуација на загинатите и ранетите од Мајдал Шамс.

Во меѓувреме, израелскиот „Канал 12“ објави дека премиерот Бенјамин Нетанјаху ја следи операцијата во Мајдал Шамс.

Претходно израелската армија објави дека кон Мајдал Шамс бил испукан проектил, а не дрон, како што било наведено во првите вести објавени во израелските медиуми.

„Силите на отпорот во Либан категорично ги негира тврдењата на некои непријателски медиуми и различни медиумски платформи за нападот врз Мајдал Шамс“, објави либанската група Хезболах.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одлучил да го забрза своето враќање од Вашингтон по инцидентот со Мајдал Шамс, соопшти неговиот кабинет.

„Нападот на Мајдал Шамс е најтешкиот по 7 октомври и ние ќе одговориме на него“, изјави портпаролот на израелската армија.

Тензиите долж границата на Либан со Израел се зголемија поради прекуграничните напади што се одвиваат меѓу Хезболах и израелските сили, во време додека Тел Авив ги продолжува своите брутални напади со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници во Појасот Газа, во кои се убиени речиси 39.300 луѓе од 7 октомври минатата година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Гир: Треба радикална акција во судството

Следно

Претседателски избори во Венецуела

Latest from Blog