ЊУ ДЕЛХИ (АА) – Најмалку десет бебиња загинаа во пожар што се случи во болница во индиската држава Утар Прадеш, известува Анадолу.
Пожарот избувнал во Одделот за интензивна нега на новороденчиња на болницата Медицинскиот колеџ Џанси во градот Џанси.
Претставник на здравството, Сачин Махор за новинарите изјави дека на одделот за интензивна нега имало повеќе од 50 бебиња, од кои десет загинале во пожарот.
Премиерот на Утар Прадеш, Јоги Адитјанат, наредил операциите за помош и спасување да се спроведат како во воени услови, ставајќи ги на располагање сите јавни услуги.
Извор: Anadolu Agency (AA)