ИСТАНБУЛ (АА) – Во полуфиналето на Западната конференција на НБА лигата, Денвер Нагетс на домашен терен ја совладаа Оклахома Сити Тандер со 113-104 во продолжението и поведе со 2-1 во серијата, известува Анадолу.
Синоќа во плејофот на НБА се одиграа два натпревара.
Во третиот натпревар од полуфиналната серија на Западната конференција, Нагетс во „Бол Арена“ го пречекаа Тандер и на крајот го совладаа со 9 поени разлика.
Најпрецизни кај Нагетс беа Џамал Мареј со постигнати 27 поени, Арон Гордон со 22 и Мајкл Портер со 21 поен. Српскиот кошаркар Никола Јокиќ натпреварот го заврши со дабл-дабл од 20 поени и 16 скокови.
Кај Тандер, Џејлен Вилијамс беше најефикасен со 32 поени. Чет Холмгрен постигна дабл-дабл од 18 поени и 16 скокови, додека Шеј Гилџус-Александер средбата ја заврши со дабл-дабл од 18 поени и 13 скокови.
– Кливленд Кавалирс со победа ја намали серијата на 2-1
Кливленд Кавалирс, кои ги загубија првите два натпревара во полуфиналето на Источната конференција на НБА против Индијана Пејсерс, во третиот натпревар извојуваа победа на гостинскиот терен од 126-104 и ја намалија серијата на 2-1.
Натпреварот се одигра во „Гејнбриџ Филдхаус“, арената на Пејсерси.
Ѕвездата на Кавалирс, Донован Мичел, беше најефикасен играч на натпреварот со постигнати 43 поени и 9 скокови. Во редовите на гостинскиот тим дабл-дабл постигнаа Џарет Ален со 19 поени и 12 скокови, и Еван Мобли со 18 поени и 13 скокови.
Кај Пејсерси, Бенедикт Матурин постигна 23 поени, додека Паскал Сијакам натпреварот го заврши со 18 поени.
Извор: Anadolu Agency (AA)