Денеска ќе бидат погребани петмина од убиените кај Младеновац

May 6, 2023
1 min read

РТС јавува дека сè уште нема прецизни и јасни информации за тоа што бил неговиот мотив. Тоа што приближно може да го објасни ова прашање е неговиот одговор кога полицијата го прашала зошто го направил тоа, а тој одговор дека причината е омаловажување. Што точно мислел, наведува РТС, не е сосема јасно

Полицијата на терен во Дубона по масовното убиство / EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Тивко и тажно е денеска во селото Мало Орашје каде ќе бидат погребани пет од осумтемина убиени во пукањето што во четвртокот ноќта се случи во околината на Младеновац. Ранети, пак, беа 14 лица.

Жртвите беа убиени во Мало Орашје и во соседното село Дубона. Погребот на трите останати жртви, пак, е закажан за утре.

Жртвите чии погреби се закажани за денеска беа млади момчиња, родени 2000 година и помлади. Најмладото е на 15-годишна возраст, родено 2008.

Осомничен за убиството е 21-годишниот Урош Б., кој вчера утрото околу 8 часот беше уапсен.

РТС јавува дека сè уште нема прецизни и јасни информации за тоа што бил неговиот мотив. Тоа што приближно може да го објасни ова прашање е неговиот одговор кога полицијата го прашала зошто го направил тоа, а тој одговор дека причината е омаловажување. Што точно мислел, наведува РТС, не е сосема јасно.

Ова крваво злосторство беше второ кое за помалку од 48 часа ја потресе Србија. Во средата наутро (3 мај) 13-годишен ученик во основното училиште „Владимир Рибникар“ во Белград уби девет лица – чуварот и осум деца. Ранети беа шест деца и наставничката по историја. Како што беше објавено претходно, денеска и во Белград ќе бидат погребани четворица од учениците и чуварот.

*Поврзани вести:

Ова е терористички акт: Вучиќ најави целосно разоружување на Србија

Објавена видеоснимка од апсењето на осомничениот за масакрот кај Младеновац

(ФОТО) Трагите од крв сведочат за синоќешниот масакр кај Младеновац

Сведоштво од Дубона: Маж се обидел да го спречи напаѓачот и тргнал кон него – тој пукал, но го промашил

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Прво крунисување во британската монархија по 70 години – ќе има 2 300 гости, Чарлс и Камила ќе се движат во поворка долга 1,6 километри

Следно

Мисајловски: Законите за „Бехтел и Енка“ не се реформски за да бидат со европско знаменце, добро е што ЕУ кажа „не“

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop