Ден на жалост во федерацијата БиХ, во чест на геноцидот во Сребреница

1 min read

Денеска е ден на жалост во босанско-херцеговскиот ентитет на Федерацијата БиХ во чест на одбележување на годишнината од геноцидот во Сребреница. Советот на министри на Босна и Херцеговина на владина седница два дена претходно, не постигна договор за одбележување на Ден на жалост на целата територија на земјата.

Во мај, Генералното собрание на Обединетите Нации усвои Резолуција со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

Во резолуцијата, меѓу другото, се осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници, што е забрането и со Кривичниот законик на БиХ.

Во Сребреница и околните области во јули 1995 година, силите на Армијата на Република Српска (ВРС) убиле повеќе од 8300 Бошњаци.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

10 важни моменти за Туркије од Самитот на НАТО

Следно

Апел до жители од неколку села да ги напуштат домовите поради опасност од ширење на пожарот во Неготинско

Latest from Blog