Демонстрант во Холандија истрча кон Макрон, обезбедувањето го совлада (ВИДЕО)

1 min read

Незадоволството од пензиската реформа, со која старосната граница за пензионирање ќе се помести од 62 на 64 години, го наруши и првиот ден од посетата на Макрон на Холандија.

Припадниците на обезбедувањето денеска соборија демонстрант кој притрча кон францускиот претседател Емануел Макрон за време на неговата посета на Холандија.

Инцидентот се случил кога Макрон пристигнал на настан на Универзитетот во Амстердам.

Соборен на земја, демонстрантот скандирал на француски реплика од песна популарна на протестите против пензиските реформи, која гласи: „Тука сме, тука сме, дури и ако Макрон не сака, ние сме тука“.

Француските синдикати утре планираат нови протести на национално ниво против пензиските реформи. Уставниот совет в петок ќе каже дали законот и начинот на кој е донесен е во согласност со уставот или опозицијата може да почне да собира потписи за организирање референдум против неа.

Доколку законот добие зелено светло ќе може да стапи во сила, што се очекува до крајот на годинава.

Незадоволството од пензиската реформа, со која старосната граница за пензионирање ќе се помести од 62 на 64 години, го наруши и првиот ден од посетата на Макрон на Холандија.

На вчерашниот митинг во Хаг, Макрон мораше да надгласа човек кој извикуваше дека е изгубена француската демократија, по што одржа говор за европскиот суверенитет.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

(ВИДЕО) Демонстрант во Холандија истрча кон Макрон, обезбедувањето го совлада

Следно

Ристовски: Горд сум што играм за Динамо Загреб, за пет минути се договоривме

Latest from Blog