Дел од јавните паркинзи во Скопје бесплатни за божиќните празници

January 5, 2023
1 min read

За време на божиќните празници јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање на 6 и 7 јануари 2023 година, односно нема да се врши наплата на истите, информираат од ЈП Градски паркинг – Скопје.

Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање без вршење на наплата на 7 јануари 2023 година. Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, пак, ќе работат со редовно работно време 00:00 – 24:00 часот и со редовна наплата на истите, се наведува во соопштението на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Приведен крадец во Карпош, одземеното вратено на сопственикот

Следно

ВИДЕО: Одржана погребната церемонија на Бенедикт Шеснаесетти пред базиликата „Свети Петар“ во Ватикан

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop