Дефокус: Село гори, а ОЈО се чешла и занимава со фасади од Скопје 2014-та

February 7, 2025
1 min read

Во време кога десетици случаи за тешки проневери на власта на СДСМ/ДУИ им стојат по фиоките, исто како што прашина веќе фаќаат  и сериозните наводи дека е следена опозицијата и нејзниот лидер со потесното раководство, уште посимптоматично дента кога почина Игор Југ, чија судбина ја зацрнија токму Обвинителството на Русковска и „судењето“на Кацарска, ОЈО се занимава со случаи старицели  12 години.

Уште „послучајно“ ОЈО така случајно и „ничим изазваним“ токму денеска се занимаваат со проекти од Скопје 2014-та, најчестото и најкористено средство за дистракција и дефокус на сегаопозициската СДСМ.

На ден кога се менува Законот за безбедност во сообраќајот со прва јавна расправа и и најава на премеирот Мицкоски за потреба од преиспитување на сомнителните, благи пресуди во многу случаи како актуелниот со Фросина Кулакова, ОЈО објави дека во спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднеле Обвинителен акт против едно лице и Обвинителен предлог против четири лица инволвирани во изведбата на проектот за фасада и илуминација на зградата на Владата во 2013-та година.

Обвинителниот акт се темели на докази од кои произлегува дека обвинетиот – управител на друштво за градежништво, трговија и услуги сторил кривично дело со дејствијата што ги преземал во период од февруари до април 2013 година, свесно ги повредувајќи ги прописите за постапката за доделување на договор за јавна набавка сторил кривично дело Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство.

Заедно со обвинителниот акт е доставен и обвинителен предлог со кој освен погореобвинетиот се опфатени уште три лица кои сториле по едно продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. Во периодот од месец мај 2013 до крајот на октомври 2016 година, обвинетите – директор на владина служба, управител на правно лице задолжено за стручен надзор над работењето на фасадата и илуминација на објектот на ВРМ и главен надзорен инженер, со умисла поттикнати од првообвинетиот – управител на друштво за градежништво, трговија и услуги – изведувач на проектот, со намера нанеле значителна имотна штета на средствата на Буџетот на Република Македонија во износ од 184.015.304,00 денари.

Никој не тврди дека случајот не е добро истражен или веродостоен, но моментумот на негова објава токму денеска и во време кога ОЈО и судот постојано се прозиваат од актуелната влада е повеќе од симптоматичен. Искуството вели дека секоја сличност со „вистински“ ликови и настани е неслучајна и намерна…

 

 

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Граѓаните на БиХ денеска и утре ги бојкотираат продавниците

Следно

Анализа на Костов (ВТОР ДЕЛ): Радар и под радарот – 250 дена прес-клипинг и аудио-видео мониторинг

Latest from Blog

Џин Симонс од групата „ KISS“: Музичарите во Америка се третираат полошо од робови (ВИДЕО)

Симонс сведочеше пред Подкомитетот за правосудство на Сенатот на САД во вторник (9 декември), силно поддржувајќи го Законот за музичка фер игра. Предлог-законот ќе бара од радиостаниците да лиценцираат песни на уметниците

НАТО се согласи за буџет од речиси три милијарди евра за 2026 година

Сојузниците на НАТО се согласија за нивните заеднички финансирани буџети за 2026 година, одобрувајќи зголемени трошоци насочени кон зајакнување на подготвеноста и воените капацитети на алијансата. Според договорот, цивилниот буџет на НАТО

Кошта по Самитот ЕУ-Западен Балкан: Европската Унија мора да ги исполни очекувањата што ги создава

Денешниот лидерски собир донесе јасна порака дека лидерите на ЕУ цврсто ја поддржуваат иднината на Западниот Балкан во Европската Унија, се наведува во писмената изјава на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта
Go toTop