Де Хеа е топ тема во Фиренца: Добивме вистинско чудовиште!

1 min read

Давид Де Хеа направи едногодишна пауза и малку кој веруваше дека ќе се врати на највисоко можно ниво, но неговите први изданија во Серија А ги надминаа очекувањата и на најголемите оптимисти.

Искусниот шпански чувар на мрежата ја избра Фиорентина како идеално место за враќање на теренот, а вчера ја имаше убедливо најдобрата партија како член на „виолетовите“.

Де Хеа беше херој на дербито против Милан и успеа да одбрани два пенали на противничките играчи, но ако тој беше навистина скромен и не сакаше да зборува за својот учинок, сите во Фиренца на големо зборуваат за неговиот квалитет.

Нервозниот Рафаеле Паладино не го дочека крајот на мечот поради добиен црвен картон од судијата, меѓутоа дури ни тоа не го поголема да се појави пред новинарите и да го испофали Де Хеа.

– Верувајте ми, добивме чудовиште. Де Хеа се уште е чудовиште. Тој е врвен голман и светска класа. Секој ден гледаме дека е вистински шампион и секој ден треба да му бидеме благодарни за тоа што е со нас. Тој е врвен голман и вистински пример за сите останати во првиот тим, – изјавил Паладино за 33-годишниот Де Хеа.

Извор: kurir.mk

Претходно

Израел издаде нови наредби за евакуација на жителите на Газа на годишнината од геноцидот

Следно

Таравари: На терен се инспектори за да се испитаат сите факти околу смртта на 14 месечното дете

Latest from Blog