Дачиќ: Ноќеска во Лозница брутално убиен полицаец на должност, уште еден тешко ранет

July 18, 2024
1 min read

Во Лозница, Србија е убиен 34-годишниот полицаец Никола Крсмановиќ, а полицаецот Вјекослав Илиќ на 50-годишна возраст, е ранет во рамото.

Во нив неофицијално пукал 33-годишниот Хајзири Артан. Српската полиција започнала потрага по него, известуваат медиумите во Србија.

„Ноќеска, околу 00:55 часот во Лозница, при контрола на возило на пункт, полициски службеници од Граничната полициска станица Трбушница запреле мерцедес во кој имало две лица“, изјави српскиот министер Ивица Дачиќ.

При излегувањето од возилото, едно лице пукало од пиштол, погодувајќи го полицаецот Никола Крсмановиќ (34) во градите и полицаецот Вјекослав Илиќ (50) во рамото, по што побегнал.

На лице место полицијата го пронашла пасошот на осомничениот, издаден од институции во Косово на име Хајзири Артан (33), извести Дачиќ, пренесуваат српските медиуми.

Српската полиција интензивно трага по напаѓачот, на терен се полициски службеници од полициската управа Шабац, како и Управата за криминалистичка полиција, Управата за гранична полиција и припадници на Специјалната антитерористичка единица, подигнати се беспилотни летала и хеликоптери.

Истрагата на вишиот јавен обвинител од Шабац и припадници на полицијата е во тек.

„Во име на МВР и од мое лично име упатувам најдлабоко сочувство до семејството на убиениот полицаец“, рече Дачиќ.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еден многу британски европски политички самит

Следно

Турската Фондација Маариф ги презеде училиштата кои работеа под покровителство на ФЕТО во Буркина Фасо

Latest from Blog

Македонката убиена во Пјаченца претходно контактирала адвокатка за семејно насилство: „Жртвата ми пишуваше и ги бришеше пораките“, вели Катерина Котеска-Стисниовска

По грозоморното убиство на 56-годишната Милена Витанова во италијанскиот град Пјаченца, јавноста ја потресе и емотивната објава на адвокатката Катерина Котеска-Стисниовска, која со години работи на случаи поврзани со семејно насилство. Таа

Проданоски: Општина Прилеп ќе продолжи да ги поддржува младите и хуманите активности

Во Прилеп денеска се одржа Регионалниот натпревар по прва помош (Регион 1), во организација на Црвениот крст, настан кој ја истакна важноста на хуманоста, солидарноста и подготвеноста за помош во критични ситуации.
Go toTop