Да се знае кој е кој: Првите овации на “Камп Ноу“, не беа за Јамал, туку… (ВИДЕО)

November 23, 2025
1 min read
ФОТО: FC Barcelona/FB

Синоќа, по повеќе од две години, Барселона повторно играше на својот “Камп Ноу“ и го победи Атлетик Билбао со 4:0. Сепак, сцената што се случи во десеттата минута е главна тема на социјалните мрежи. Иако “Камп Ноу“ е сè уште во фаза на реновирање, Барселона доби дозвола да ги игра своите натпревари на овој терен, што навивачите го поздравија со ентузијазам, а вчера дојдоа во голем број да го бодрат својот клуб.
Секако, капацитетот сè уште не е полн поради тековните работи, но вчерашниот натпревар го следеа речиси 50.000 луѓе, што е навистина импресивно.
Барселона не можеше да се врати дома на подобар начин, бидејќи во натпреварот од 13-тото коло од Ла Лига го декласира Атлетик со 4:0 и освои три нови бода. Феран Торес постигна два гола во вчерашната победа, а Роберт Левандовски и Фермин Лопез се запишаа и во листата на стрелци.
Сепак, главна тема на социјалните мрежи е што се случи во воведниот дел од вчерашниот натпревар. Имено, во десеттата минута, трибините почнаа да скандираат „Меси, Меси“, а камерите веднаш го покажаа Жоан Лапорта, за кого тоа беше јасна порака колку навивачите сакаат повторно да го видат Аргентинецот во дресот на Барселона. Меси дури и престојуваше во Барселона минатата недела и тајно го посети “Камп Ноу“, а фотографиите што ги објави на Инстаграм ја воодушевија фудбалската јавност.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Македонско друштво “Илинден“-Тирана со активна улога на семинарот на ФУЕН во Италија

Следно

Фотоапарат на патата Франциск е продаден на аукција за 6,5 милиони евра (ФОТО)

Latest from Blog

Фотоапарат на патата Франциск е продаден на аукција за 6,5 милиони евра (ФОТО)

Фотоапаратот Leica M-A ја надмина очекуваната вредност за стократно, според портпаролот на 47-то издание на аукцијата Leitz Photographica. Во согласност со желбите на поранешниот поглавар на Католичката црква, кој почина во април,

Македонско друштво “Илинден“-Тирана со активна улога на семинарот на ФУЕН во Италија

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај учестуваше на 28 -ти семинар на работната група на словенските малцинства во Европа при Федералната унија на европските националности (ФУЕН) се одржи од 20 до 23
Go toTop