Црна Гора избира претседател: На гласачкото ливче има седум имиња

March 19, 2023
2 mins read

Во Црна Гора утрово во 7 часот се отворени избирачките места за претседателските избори, а гласањето ќе трае до 20 часот. Во Подгорица каде се запишани најмногу гласачи и во Никшиќ се гласа редовно. Според податоците на Центарот за демократска транзиција (ЦДТ), до осум часот гласале 2,9 отсто од регистрираните гласачи

Граѓаните на Црна Гора денеска ќе гласаат во првиот круг од претседателските избори, а на гласачкото ливче ќе се најдат седум имиња. Ова се едни од најнеизвесните претседателски избори досега, посочуваат аналитичарите и предвидуваат дека конечниот победник ќе биде познат дури по вториот круг, поточно на 2 април.

Граѓаните денеска ќе можат да избираат меѓу актуелниот претседател и лидер на Демократската партија на социјалистите Мило Ѓукановиќ, заменик-претседателот на движењето Европа сега Јаков Милатовиќ, лидерот на Демократскиот фронт Андрија Мандиќ, инфлуенсерот Јован Радуловиќ, претседателот на Обединета Црна Гора Горан Даниловиќ, лидерот на Демократите Алекса Бечиќ и пратеничката Драгиња Вуксановиќ Станковиќ од Социјалдемократската партија.

Претседателот се избира за период од пет години, а право на глас имаат 543 175 граѓани.

Ниту еден од претседателските кандидати, сметаат аналитичарите, нема да има повеќе од 50 отсто од гласовите, па претседателот ќе биде избран меѓу двајцата кандидати со најголема поддршка од гласачите во вториот круг на 2 април.

Професорот на Факултетот за политички науки Милош Бешиќ, оцени дека на претседателските избори во Црна Гора ќе има втор круг и дека во него ќе биде актуелниот претседател Мило Ѓукановиќ, но дека е неизвесно кој од останатите кандидати во таа трка ќе помине од првиот во вториот круг.

„Она што е сигурно е дека актуелниот претседател ќе оди во вториот круг. Неизвесноста, кога е во прашање првиот круг, е кој е кандидатот кој ќе го помине тој праг, доволно за да влезе во вториот круг од преостанатите кандидати, и не мислам на било кој кандидат. Јаков Милатовиќ, Андрија Мандиќ и Алекса Бечиќ имаат реални шанси“,

изјави Бешиќ за Танјуг, пренесува Еуроњуз.

Во Црна Гора утрово во 7 часот се отворени избирачките места за претседателските избори, а гласањето ќе трае до 20 часот. Во Подгорица каде се запишани најмногу гласачи и во Никшиќ се гласа редовно. Според податоците на Центарот за демократска транзиција (ЦДТ), до осум часот гласале 2,9 отсто од регистрираните гласачи.

Според редоследот на кандидатите што го утврди Државната изборна комисија (ДИК), прв на гласачкото ливче ќе биде актуелниот претседател на Црна Гора и лидер на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ. Втор на гласачкото ливче ќе биде заменик-претседателот на Движењето Европа сега Јаков Милатовиќ, додека лидерот на Демократскиот фронт (ДФ) Андрија Мандиќ е број 3.

Инфлуенсерот Јован Радуловиќ ќе биде четврти на гласачкото ливче, а петти е Горан Даниловиќ, претседател на Обединета Црна Гора (УЦГ). Лидерот на Демократска Црна Гора, Алекса Бечиќ, ќе биде број 6, додека единствената жена меѓу кандидатите за претседателската функција, пратеничката на Социјалдемократската партија (СДП) Драгиња Вуксановиќ Станковиќ, ќе биде седма.

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ најави вонредни парламентарни избори во Црна Гора за 11 јуни. Претходно тој донесе указ за распуштање на собранието.

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЈП Градски паркинг Скопје ѝ се извини на велешанката со попреченост која доби казна иако коректно се паркирала

Следно

Центарот на Скопје низ објективот на еден странец

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop