Членови на Асоцијацијата за цистична фиброза утре излегуваат пред Влада: Ќе се збогуваме со Благојче – жртва на инертниот и бирократски систем

February 8, 2023
1 min read

Од Асоцијацијата во објавата на Фејсбук велат дека не постои поголемо кршење на човековите права од тоа да се дозволи да умираат луѓе од болести за кои има лек

Асоцијацијата за цистична фиброза вечерва преку својот фејсбук-профил најави дека нејзини членови утре во 14 часот ќе излезат пред зградата на Владата од каде што ќе се збогуваат со Благојче Илијевски кој почина чекајќи го лекот „трикафта“.  

Членовите на Асоцијацијата за цистична фиброза протестираа пред Владата и во саботата/Фото: Архива

Од Асоцијацијата во објавата велат дека не постои поголемо кршење на човековите права од тоа да се дозволи да умираат луѓе од болести за кои има лек. 

„Поради ова, Асоцијацијата за цистична фиброза утре во 14 часот пред Владата ќе се збогува со еден од своите најактивни членови Благојче Илијевски, како жртва на системот и кој поради инертноста на системот од надлежните институции и поради тромите бирократски процедури, почина прерано, чекајќи го лекот `трикафта`. Со едноминутно молчење, свеќи и цвеќе, АЦФ и официјално ќе се збогува со својот соборец, во исто време кога во Битола ќе бидат погребани неговите посмртни останки“,

се наведува во објавата на АЦФ. 

Најтешко болниот пациент со цистична фиброза во земјава, Благојче Илијевски, денеска ја изгуби битката со болеста. 

Тој беше дел од осумте критични пациенти за кои се бараше итна набавка на лекот. Со кислородна боца тој побара поддршка и од претседателот на државата Стево Пендаровски. Но, и покрај сите напори, не дочека да добие терапија со лекот „трикафта“. 

Министерот за здравство Беким Сали, прашан денеска дали пациентите со цистична фиброза ќе чекаат нов министер за здравство, имајќи ги предвид информациите што протекоа во јавноста дека со влезот на Алијанса за Албанците во Владата овој ресор ќе ѝ припадне на оваа партија, рече дека биле детектирани членовите на трите закони чија измена е потреба за да може да се набави лекот и оти се надева дека тоа набрзо ќе биде направено во Собранието. 

Тој нагласи дека не би можел да даде временска рамка затоа што набавката на лекот не е во целосна надлежност на Министерството за здравство, туку се работи за повеќе институции. 

Инаку, членови на Асоцијацијата за цистична фиброза во саботата протестираа пред Владата барајќи државата веднаш да обезбеди средства за воведување модулаторна терапија по принципот како во сите европски и балкански држави, со соодветен план и стратегија за опфаќање на целата популација која е заболена од оваа ретка болест. 

Министрите за здравство и за финансии, Беким Сали и Фатмир Бесими, претходно информираа дека терапијата е првично за осум пациенти во потешка состојба, а стремежите се набавка на лек за 30 пациенти во текот на оваа година. 

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Марија Павловска добитничка на престижната меѓународна награда „Донатело“ на Фондацијата ‘Fondazione Effetto Arte’ во Палатата Боргезе во Фиренца

Следно

Европската Унија во март ќе организира донаторска конференција за Турција и Сирија

Latest from Blog

Милошоски: Победа на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг во 33 општини, поддршката од граѓаните ни е потврдена и на локално ниво

„Во вториот круг секако ќе имаме пораст на гласови, но во секој случај тешко е да се споредуваат локални и парламентарни избори, бидејќи на локалните избори има помал процент на излезеност, а

Тајната за совршена фотографија во бикини: Елизабет Харли го споделува својот трик

Познатата актерка и модел објави серија фотографии на Инстаграм минатиот викенд на кои позира во бледо зелено бикини и очила за сонце, со кренати раце во воздух. Едноставен трик за совршена поза

Со спортот – до посилна заедница: Улогата на Државна лотарија во развојот на спортот

Во време кога спортот сè повеќе се препознава како моќна алатка за позитивна општествена трансформација, со значајно влијание врз младите генерации, се појавува потреба од интензивна поддршка и унапредување на спортската инфраструктура
Go toTop