Четворица израелски војници загинаа во напад со беспилотно летало на Хезболах

1 min read

Четворица израелски војници се убиени, а преку 60 се ранети во најсмртоносниот напад извршен од борци на Хезболах откако Израел ја започна копнената инвазија врз Либан пред две недели. Цел на нападот, извршен со беспилотно летало, била касарна каде била сместена елитна единица на армијата.

Од либанската екстремистичка група порачаа дека нападот е одмазда за израелските напади врз Бејрут минатата недела, кои загинаа 22 лица. Откако Бенјамин Нетанјаху им порача на мировниците на ОН да го напуштат југот на Либан, од светската организација предупредуваат дека нападот врз мировниците би можело да бидат воено злосторство.

„Генералниот секретар повторува дека персоналот на УНИФИЛ и неговите локации на кој било начин не смеат да бидат цел на напади. Нападите против мировниците се во спротивност со меѓународното право, вклучително и меѓународното хуманитарно право. Тие може да претставуваат воено злосторство.“ – Стефан Дужарик портпарол на ОН.

Од израелската авлада пак им порачаа дека Обединетите нации се пропадната организација на која и треба темелна реформа.

„Државата Израел не е заинтересирана да им наштети на силите на УНИФИЛ. Сепак, овие сили не придонесоа ништо за одржување на стабилноста и безбедноста во регионот. ОН се неуспешна организација, а УНИФИЛ е бескорисна сила која не успеа да ја спроведе Резолуцијата 1701, не успеа да го спречи Хезболах да се етаблира во јужен Либан.“ – Илај Коен министер за енергетика и инфраструктура на Израел.

Во меѓувреме, израелската авијација продолжува со нападите, како врз југот на Либан така и врз Газа..Најмалку 20 лица, меѓу кои и деца, загинаа во воздушен напад врз училиште, претворено во засолниште во централниот дел на Појасот Газа.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Хамас: „Израел спроведува нов нацистички холокауст во Газа“

Следно

Герапетритис: ЕУ перспективата на Западен Балкан е важна за консолидација на мирот и просперитетот во регионот

Latest from Blog