Четворица скопјани уапсени за дрога

1 min read

Полицијата вчера и завчера уапси 4 лица, во одделни случаи, за дрога. 

-На 24.02.2023 во 00.35 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.В.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

-На 23.02.2023 во 15.40 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.Б.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

-На 23.02.2023 во 20.50 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ѓ.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

-На 23.02.2023 во 19.50 часот на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на сите одвоени случаи против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Една година подоцна, Руско-украинската војна продолжува да биде главна тема во вестите

Следно

Пендаровски: Руската агресија е војна на една диктатура против една демократија

Latest from Blog