Четири лица повредени во сообраќајка во скопско

April 14, 2023
1 min read

Четири лица повредени во осообраќајка која се случила вчера на патот кон село Батинци. 

На 13.04.2023 во 16.00 часот на регионалниот пат за ХЕЦ „Козјак“- с.Батинци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко „ауди А4“, управувано од Е.Р.(24) од Скопје и патничко возило „ венто“, управувано од М.М.(42) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешка телесна повреда се здобила сопатничка од возилото „фолксваген венто“, Ѓ.Б.(41) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле сопатничка од истото возило, Ѓ.М.(39), како и возачот на „ауди А4“, Е.Р. и неговата сопатничка З.Р.(82), констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, соопшти полицијата. 

Увид извршила екипа од СВР Скопје.  

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Повеќе од 1,5 милиони луѓе учествуваа во протестите во Франција

Следно

ФА донесе одлука за судијата кој му удри лакт на Робертсон

Latest from Blog

60-годишна жена во Карпош, со тешки повреди однесена во болница

60-годишна жена е жртвата која беше прегазена во вчерашната сообраќајна несреќа која се случи на крстосницата меѓу скопските населби Карпош 2 и Карпош 3, кај Педагошката академија, соопшти денеска МВР. Ја прегазил

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop