Четботот ќе стане банален како Ексел

January 11, 2023
1 min read

ChatGPT инстантно предизвика пискотници, што од одушевување, што од очај или кукање. Одушевени беа оние кои открија дека вештачката интелигенција знае да пишува компетентно и да заврши еден тон работа, очајни беа оние кои се уплашија дека тие и нивниот труд наскоро ќе станат вишок а кукаа оние на кои им беше јасно дека ботот ќе ја комплицира нивната работа – на пример наставниците кои ќе мора да оценуваат домашни кои (не) се напишани од учениците.

„Досега, сето ова е толку предвидливо. Ако знаеме нешто од историјата, тоа е дека генерално го преценуваме краткорочното влијание на новите комуникациски технологии, додека грубо ги потценуваме нивните долгорочни импликации. Така беше со печатените медиуми, филмовите, радиото и телевизијата и интернетот“, пишува Џон Нотон во Гардијан.

Пред да го притиснеме „паник тастерот“, добро е да се познава природата на „ѕверот“.

Се работи за модел кој е трениран со стотици терабајти текст. Сосема легитимно е да се претпостави дека четботот има „прочитано“ сè што постои на интернет. Во позадина се математички модели на статистичка дистрибуција на „токени“ (зборови, букви, интерпункциски знаци) на огромна количина на текстови напишани од луѓе.

Кога моделот ќе го трзнете со реченицата „Првиот човек кој одел на Месечината е…“ тој веднаш ќе ви одговори – „Нил Армстронг“. Не дека знае тој за Месечината и Аполо мисиите туку затоа што тој нашата реченица ја чита како „Според статистичката дистрибуција на зборови во огромниот корпус зборови, кои зборови најверојатно следат после реченицата ‘Првиот човек кој одел на Месечината е…’? И така го наоѓа Нил Армстронг.

Предвидување „кој е следниот токен“ е она што се случува зад многу операции кои ги изведува ЧетГПТ. И е навистина корисен за многу работи: да сумира долги текстови, да прави скици за презентации па и да помага при пишување компјутерски кодови, особено на почетокот на задачата.

„Особено е корисен кога стартувате нов проект. Знае за пет минути да обави задачи за кои би ви биле потребни часови,“ вели еден искусен софтверески инженер.

„Во најдобар случај тоа ќе ни биде асистент, алатка која ги зголемува човечките способности. И тука е да остане“, пишува Нотон предвидувајќи дека во скоро време, четботот ќе биде само уште една алатка која ја користиме, слично на Екселот кој умее многу да помогне, но не го гледаме како револуционер.

**********

„За да го “тестирам“, му поставив серија на прашања од најмакедонската можната тематика: “Кој го продаде името и како да го вратиме?“. Неговите одговори ме извадија од памет пошто сфатив колку далеку отишла работава со вештачката интелигенција, али па позитивно е дека уште одма може да ги замениме сите “политички аналитичари“ и најголемиот дел од новинарите (спортските може и да останат за сеир) со ова скромно и искрено роботче“, ни пиша Горјан, споделувајќи го неговиот муабет со ботот.

Еве го муабетот

 

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Роналдо нема да ја промовира кандидатурата на Саудиска Арабија за СП 2030 поради учеството на Португалија во борбата

Следно

Даравелски бара ново судење

Latest from Blog

Руска осуда на американските напади врз ИРАН во СБ на ОН: САД ја отворија Пандорината кутија

Русија ги осудува неодговорните, опасни и провокативни потези преземени против Иран, изјави  постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја. САД ја отворија Пандорината кутија.  -Никој не знае какви нови катастрофи и

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

Демократска обнова на Македонија ја напушта коалицијата со СДСМ. Ова било решено на седница на Централниот одбор на ДОМ одржана пред два дена, на која, како што велат од партијата, се донесени

Погба има нов клуб

Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед и Јувентус, Пол Погба (32), е пред потпишување за Монако. Погба усно се согласи на двегодишен договор со францускиот клуб од Лига 1 откако

Израелската Армија објави дека Иран започна втор бран ракетни напади врз Израел

АНКАРА (АА) – Израелската Армија објави дека Иран започнал втор бран ракетни напади врз Израел, известува Анадолу. Во писменото соопштение објавено од израелската Армија се наведува дека се активирани сирените во многу
Go toTop