Честитка од коалицијата ВРЕДИ по повод 8-ми септември: Овој ден е симбол на нашата одлучност и стремеж кон демократија, слобода и просперитет

1 min read

На денот кога ја одбележуваме 33-годишнината од независноста на нашата заедничка Република Северна Македонија, Коалицијата ВЛЕН им упатува честитки на сите граѓани. Овој ден е симбол на нашата одлучност и стремеж кон демократија, слобода и просперитет.

И по 33 години од независноста и 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, за жал, сè уште отвораме прашања за употребата на мајчиниот јазик на Албанците, што во 21 век е цивилизациски дострел и демократска придобивка која не смее да се оспорува.

Нашата генерација има историска должност да се справи со ендемичната политичка корупција и да преземе решителни чекори кон реформи кои ќе ги
вратат капацитетите на уништените државни институции.

Само преку транспарентност, одговорност и посветеност кон заедничкото добро, ќе можеме да обезбедиме иднина што ќе биде светла за сите наши
граѓани, без разлика на етничката припадност.

На овој важен ден, Коалицијата ВЛЕН ги повикува сите граѓани и политички чинители да го негуваат духот на единство, толеранција и соработка. Само
така ќе продолжиме да го градиме општеството што го заслужуваме – општество на еднакви права, можности и стабилност.

Нека ни е честит 8-ми септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија!

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Николоски: Македонски пошти има премногу приватни пошти кои се нелојална конкуренција и тоа се решава, а Железници за да прави профит потребни се локомотиви и до крај на годината ќе има 10, бидејќи тука има профит од товарниот сообраќај

Следно

Сиљановска Давкова по повод 8 Септември: Да ги оставиме на страна поделбите и да се сплотиме околу општото добро и јавниот интерес

Latest from Blog