Чернева: Секогаш кога ќе замириса на избори ескалираат тензиите во односите меѓу Скопје и Софија

January 27, 2023
1 min read

Помеѓу Бугарија и Северна Македонија постои механизам кој треба да придонесе за намалување на тензиите и за идентификување на појавите на омраза, кој е јасно наведен во Протоколот што лани го потпишаа министерствата за надворешни работи на двете земји, но тој не се спроведува, вели советничка за надворешна политика на поранешниот премиер Кирил Петков, Весела Чернева.

– Не можеме да кажеме дека нема доволно инструменти, вели Чернева во интервју за  емисијата „Пред сите“ на Бугарското национално радио (БНР), коментирајќи го најновиот развој на настаните меѓу Скопје и Софија.

Чернева потенцира дека последните месеци е видливо зголемување на тензиите во меѓусебните односи, додавајќи дека ваков тип на ескалации има секогаш кога ќе „замириса на избори“.

– Од двете страни на границата има партии кои ги користат тензиите за да го подигнат својот рејтинг, заклучува Чернева.

Таа смета дека во вакви услови обичните луѓе се наоѓаат во средини изложени на притисок на „екстремите од двете страни“ и стануваат жртви на таквиот притисок.

– Тоа се процеси кои не оддалечуваат од срцето на евроинтеграциите и не ставаат во маргинална позиција, затоа што се занимаваме со билатерални кавги. Квалитетот на нашето европско членство се повеќе слабее, додава Чернева.

Според неа, ваквото зголемување на тензиите „дополнително им го отежнува животот на Бугарите во Република Северна Македонија“.

– Видовме како бугарски европратеник му се заканува на македонскиот претседател со атентат. Ваквиот тип на закани не треба да бидат дел од билатералните односи. Одржувањето на добар тон и пристојност ќе им помогне на Бугарите кои живеат во Северна Македонија многу повеќе од овој прилично неодговорен пристап, смета Чернева.

Таа нагласува дека повлекувањето на бугарскиот амбасадор од Скопје претставува „несоодветен гест“, бидејќи такви чекори се преземаат во „исклучителни ситуации“.

– Оваа ситуација почнува да ми изгледа како намерна. Многу е лесно да се предизвика надолна траекторијата во билатералните односи. Тешко е спротивното – да се создаде амбиент во кој нема да се случуваат такви работи, вели Чернева, додавајќи дека „по толку години непријателство“ работите не може да се остават да се случуваат сами од себе. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Два вагона-цистерни со фосфорна киселина се излизгаа во Зајечар

Следно

Во „Козле“ хоспитализирани околу 40 деца

Latest from Blog

Сидни Свини за почетоците во Холивуд: Ќе ви кажуваат повеќе „не“ отколку „да“

На премиерата во Њујорк на нејзиниот нов филм „The Housemaid“, 28-годишната актерка откри што верува дека е клучот за долгорочен успех во суровата филмска индустрија. Љубовта кон глумата е пред сè „Искрено,

Селта приреди сензација: Реал доби жешка шлаканица на „Бернабеу“ (ВИДЕО)

Младиот 21-годишен шведски напаѓач Вилиот Сведберг уште долго време ќе го памети и прераскажува вечерашниот натпревар на „Бернабеу“ и неговите два гола со кои Селта направи првокласна сензација победувајќи го „кралскиот клуб“

Лековите за кашлица најчесто не делуваат – медот еднакво ефикасен

Кашлица што ве мачи или ве држи будни преку ноќ, не мора веднаш да посегнувате по специјални сирупи или таблети е заклучокот на германска анализа. Германската организација за заштита на потрошувачите „Стифтунг

Мицкоски: Програма која ја истакна големината и значењето на делото на овој наш просветител

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на свечената академија посветена на Св. Климент Охридски. Настанот беше исполнет со достојна атмосфера, инспиративни говори и културно-уметничка програма која уште еднаш ја истакна големината

Лацио и Болоња си поделија по бод

фото: Lega Serie A (X) Фудбалерите на Лацио и Болоња одиграа нерешено 1:1 во 14. коло од Серија А. Лацио сега десетти на табелата со 19 бода, додека Болоња се заглави во
Go toTop