Три англиски и по еден италијански, шпански и француски тим ќе играат во финалните пресметките за титулите во Лигата на шампиони, Лигата на Европа и Конференциската лига.
Во финалето на Лигата на Европа на 21 мај на „Сан Мамеш“ во Билбао ќе играат екипите од англиската Премиер лига Манчестер Јунајтед и Тотенхем, на 28 мај во Вроцлав ќе се соочат Челзи и Реал Бетис во финалето на Конференциската лига, додека во финалето на Лигата на шампиони на 31 мај во Минхен ќе играат Интер и ПСЖ на „Алијанц Арена“.
Меѓу шесте финалисти, лондонски Челзи може да се пофали со најмногу освоени европски трофеи – по двапати ја освојуваше Лигата на шампиони (2012, 2021), Лигата на Европа (2013, 2019), Купот на победниците на куповите (1971, 1998) и Европскиот Суперкуп (1998, 2021).
Интер ќе се бори за својот седми европски трофеј. Досега италијанскиот клуб три пати беше европски шампион (1964, 1965, 2010), а три пати го освои Купот на УЕФА (1991, 1994, 1998).
Манчестер Јунајтед, исто така, шест европски трофеи. Тимот од „Олд Трафорд“ три пати беше европски шампион (1968, 1999, 2008), а по еднаш ги освои Лига Европа (2017), Купот на победниците на куповите (1991) и Европскиот Суперкуп (1991).
Тотенхем има три европски трофеи – два Купа на УЕФА (1972, 1984) и Купот на победниците на куповите (1963).
ПСЖ досега го освои само Купот на победниците на куповите, во 1996 година, додека Бетис сè уште чека на својот прв европски трофеј.
Извор: kurir.mk