Чавушоглу: „Силната меѓународна солидарност и дава сила на Туркије по земјотресот“

2 mins read

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денес изјави дека Туркије ја согледала „силната меѓународна солидарност“ по минатомесечните смртоносни земјотреси што ги потресоа јужните области на земјата, јавува Анадолу.

„Имаме фраза „Обединети стоиме, обединети сме посилни“ и веруваме во ова. Знам дека и многу европски земји ја користат оваа фраза. Сега гледаме силна меѓународна солидарност во време на катастрофа низ која минуваме. Оваа поддршка не само што ни дава морал, туку ни дава и сила“, изјави Чавушоглу во својата обраќање пред амбасадорите на ЕУ во Турција и другите европски дипломати во Анкара.

Тој рече дека примарно на агендата на средбата со дипломатите е земјотресот од 6 февруари, додавајќи дека има граѓани и од други земји кои исто така ги загубиле животите во силните земјотреси што ја потресоа Туркије на 6 февруари.

„Доживеавме катастрофа што доведе до големи човечки загуби и уништувања во историјата на нашата Република. Ова е несекојдневна природна катастрофа што се случи во една европска земја еднаш во столетие“, рече тој.

Повикувајќи на заедничко дејствување за во врска со тематиките што му се закануваат на човештвото, Чавушоглу рече дека Туркије е „најдобротворната земја во светот според нејзиниот национален приход“ бидејќи била покрај секој кому му е потребна помош“.

Потсетувајќи на неговото учество на неодамнешниот состанок на министрите за надворешни работи на Г-20 во индискиот главен град Њу Делхи и на 5-та конференција на ОН за најмалку развиените земји (LDC5) во Доха, главниот град на Катар, Чавушоглу продолжи со зборовите: „Видовме дека сите земји се на нашата страна, од најразвиените до најнеразвиените земји“.

„Европската унија со нејзините земји членки, земјите кандидати и институциите има голем удел во оваа поддршка“, истакна Чавушоглу.

Чавушоглу исто така им се заблагодари на сите земји кои испратиле свои официјални лица во солидарни посети на Туркије и нејзините региони погодени од земјотресот.

Истакнувајќи дека тимовите за брза помош и пребарување и спасување на ЕУ биле веднаш испратени во Туркије, Чавушоглу рече дека неговата земја „ќе продолжи со соработката со ЕУ во процесите за закрепнување и обнова во наредниот период“.

„Туркије, се разбира, е важна земја во нашиот заеднички дом – Европа. Туркије е или сосед, трговски партнер или сојузник на многу земји кои се овде денес“, рече Чавушоглу, додавајќи дека земјотресот уште еднаш не потсетил не само на нашето соседство, пријателство и сојуз, туку и на нашите човечки врски.

Тој изрази надеж дека овој дух на солидарност, сојузништво и пријателство ќе се одрази врз сите димензии на односите меѓу Туркије и ЕУ во наредниот период и рече: „Регионалните и меѓународните случувања покажуваат колку е важна нашата соработка на глобално ниво“.

На 6 февруари, два силни земјотреси – со магнитуда 7,7 и 7,6 степени – ја погодија јужна Туркије.

Масивните потреси, со центар во областа Кахраманмараш, потресоа и 10 други области – Хатај, Газиантеп, Адијаман, Малатја, Адана, Дијарбакир, Килис, Османије, Шанлиурфа и Елазиг.

Повеќе од 46.100 луѓе загинаа во земјотресите, околу 13,5 милиони луѓе се погодени, а илјадници згради се уништени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Конте признава дека би можел да добие отказ пред крајот на сезоната

Следно

ФБИ: „Кина преку ТикТок може да ги контролира податоците и софтверите во уредите“

Latest from Blog