Чавушоглу: „Ерменија подаде рака на пријателство во ова тешко време и покажа солидарност“

February 15, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Ерменија ѝ подаде рака на пријателство на Туркије по минатонеделните земјотреси кои досега ги одзедоа животите на речиси 35.420 лица во земјата, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, јавува Анадолу.

„Ерменија подаде рака на пријателство во ова тешко време и покажа солидарност и соработка“, рече Чавушоглу на прес-конференцијата со неговиот ерменски колега Арарат Мирзојан во главниот град Анкара.

Чавушоглу рече дека посетата на Мирзојан на Туркије е значајна.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала на 6 февруари ги погодија јужните делови на Туркије, со епицентар во областа Кахраманмараш, а голем број спасувачки тимови сè уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.

Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени, со епицентар во областа Кахраманмараш, погодија над 13 милиони луѓе во десет области, Хатај, Кахраманмараш, Газиантеп, Адана, Адијаман, Дијарбакир, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа.

Неколку земји во регионот, од кои најкатастрофално Сирија, ги почувствуваа силните потреси.

Истакнувајќи дека Ерменија испратила тим од 28 лица за пребарување и спасување во Туркије по земјотресите, Чавушоглу рече дека нивните напори во Адијаман трајат од 8 февруари.

„Тие испратија 100 тони хуманитарна помош и рекоа дека ќе испратат дополнителна помош“, додаде тој.

Мирзојан, од своја страна, ја изрази подготвеноста на Ерменија во градењето мир во овие тешки времиња.

Ерменскиот министер се очекува подоцна да го посети Адијаман, каде што ерменскиот тим продолжува да работи на пребарување и спасување.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

САД почнаа да и бројат време на Украина

Следно

Германскиот синдикат најави штрајк на главните аеродроми

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop