Чадот од Канада стигна до Европа, се чувствува во Норвешка

1 min read

Според Си-ен-ен, во последните денови облаци чад се протегале од Канада преку Гренланд и Исланд, па се до Норвешка

Чадот кој се појави поради големиот број шумски пожари во Канада и кој веќе зафати делови од САД, стигна и до Норвешка.

Според Си-ен-ен, во последните денови облаци чад се протегале од Канада преку Гренланд и Исланд, па се до Норвешка.

Научниците од Норвешкиот институт за истражување на климата и животната средина (НИЛУ) успеаја да го откријат зголемувањето на чадот со помош на високо чувствителни инструменти, а потоа да го потврдат неговото потекло користејќи предвидливо моделирање.

Загадувањето од шумските пожари кои беснеат низ Канада со недели зафатија големи делови од Северна Америка, каде што се издадени предупредувања за високоризичен квалитет на воздухот за повеќе од 55 милиони луѓе.

Чадот од пожарите ги прекри големите градови во Онтарио и Квебек, вклучително и Торонто и околните области. Чадот стигна до Њујорк и Конектикат, каде што квалитетот на воздухот е класифициран како нездрав.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Ковачевски: Братски отстапуваме пет министерства од СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ

Следно

Сообраќајот кон Делчево се пренасочува преку Берово- Смојмирово- Виница поради пукнатини на магистралата А3

Latest from Blog