Бујар Османи со директна порака до „Огнените“

1 min read

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговараме на теми поврзани со уставните измени, тензиите во ДУИ, митингот на ДУИ во Чаир, преговорите меѓу Белград и Приштина, како и за надворешната политика на Северна Македонија.

Тој вели и дека не е чесно кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети ова што му го прават од таканаречената „Огнена група“.

„Ахмети е историска личност. Ахмети 20 години работи за интересите на државата. Он е човекот кој секогаш ги штити интересите на државата. Видете Али Ахмети работеше за Северна Македонија да стане членка на НАТО, сега силно работи да ги обедини сите политички партии кои сакаат да ја видат Македонија во ЕУ. Ахмети и во Охрид беше во целосна комуникација со меѓународниот фактор за да се најде компромис меѓу Косово и Србија, со цел да имаме стабилен регион, а ова е посебно битно сега кога не далеку од тука има војна. Затоа сметам дека не е чесно кон него ова што го прават неговите пријатели од „Огнените“, кога Ахмети се залага за решавање на стратешки политики, тие го „замараат“ со минорни работи“, вели Османи.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Велика Британија го отфрли тврдењето на Путин за муниција со осиромашен ураниум

Следно

Анкета: Половина од Американците сметаат дека истрагата против Трамп е политички мотивирана

Latest from Blog