Бугарските социјалисти добија мандат да формираат влада

January 16, 2023
1 min read

Претседателот на Бугарија, Румен Радев денеска и го додели мандатот за формирање влада на Бугарската социјалистичка партија, што е последен обид да се избегнат петтите парламентарни избори во последните две години.

Иако изгледите на социјалистите за формирање влада се слаби, лидерот на таа партија, Корнелија Нинова, изјави дека партијата ќе даде се од себе „да формира редовна влада, која е многу потребна“.

Радев им го додели мандатот на социјалистите бидејќи двете најсилни опции во Парламентот не обезбедија мнозинство: коалицијата околу партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов и реформистичката партија „Продолжуваме со промените“ на Кирил Петков, исто така поранешен шеф на владата.

Шефот на државата е должен прво да го додели мандатот на најсилната, а потоа на втората најсилна партија, додека третиот пат, како што е сега, има „одврзани раце“.

Бугарската социјалистичка партија го зазеде петтото место на изборите на 2 октомври. Коалицијата околу партијата ГЕРБ, како и Демократска Бугарија, која се најде на шестото место, најавија дека нема да ја поддржат владата предводена од социјалистите, пред се „затоа што се проруски настроени“ и постојано гласале против испраќање воена помош за Украина.

Доколку социјалистите не успеат да обезбедат мнозинство за формирање влада, Радев мора да го распушти Парламентот, да назначи преодна влада и да распише предвремени избори за два месеца.

Аналитичарите очекуваат дека новите избори ќе имаат сличен исход како и претходните и дека ќе продолжи политичката криза која трае од 2020 година.

Најсиромашната членка на Европската унија тогаш беше потресена од демонстрации против владата на Бојко Борисов, каде илјадници бараа елиминација на корупцијата и ефективна реформа на судството.

Од април 2021 година, кога се одржаа последните редовни парламентарни избори, формирањето на стабилна влада беше спречено со остра поларизација меѓу партиите кои се недоволно моќни.

Оттогаш Радев назначи неколку преодни влади, а единствената во полн капацитет, предводена од Петков, беше формирана по вонредните избори во ноември 2021 година, но нестабилната четиричлена коалиција се распадна по само шест месеци, во јуни 2022 година.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вонреден надзор во КПД Идризово

Следно

САМО ОД ЗВУКОТ ЌЕ ВИ СЕ СЛОШИ – патник го снимаше уривањето на авионот во Непал, не е за тие со слабо срце (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop