Бугарските пратеници во ДЕВЕТТИ обид да изберат претседател на Парламентот

December 4, 2024
1 min read

Бугарските пратеници претпладнево ќе остварат нов обид – деветти по ред за избор на претседател на Парламентот, јави БТА.

Минатата недела тие повторно не успеаја да изгласаат шеф на законодавниот дом.

Во петокот ГЕРБ-СДС ја смени тактиката – лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов објави дека ја повлекуваат кандидатурата на нивниот кандидат Раја Назарјан и ќе ја поддржат Наталија Киселова, која е предложена од „БСП- Обединета левица“. Услов беше левицата да собере мнозинство без „Преродба“ и „ДПС-Нов почеток“.

Во вториот круг беа Киселова и Силви Кирилов од „Има таков народ“, но и двајцата не го собраа потребниот број гласови поради што – денеска ќе биде деветти обид за избор на претседател на Собранието.

Во меѓувреме, во неделата се појави уште еден кандидат за функцијата – националното раководство на „Демократите за силна Бугарија“ (ДСБ) им предложи на своите коалициски партнери „Да, Бугарија“ и „Продолжуваме со промената“ заедничка кандидатура на коалицијата да биде  Атанас Атанасов. Коалициските партнери ја поддржаа идејата, а од првата политичка сила од последните избори – ГЕРБ-СДС изјавија дека доколку се постигне редовна влада, премиерот мора нужно да биде од првата политичка сила. (МИА)

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Најтрофејниот скијач во историјата најави крај на кариерата

Следно

Министерот за безбедност на БиХ во посета на МВР

Latest from Blog

Велика Британија ги соопшти темите за самитот на Берлинскиот процес во Лондон: Миграцијата е на прво место

(Амбасадата на Обединетото Кралство го објави воведниот коментар на специјалната пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Дејм Карен Пирс, за претстојниот есенски самит на Берлинскиот процес во Велика Британија) За Обединетото

Руска осуда на американските напади врз ИРАН во СБ на ОН: САД ја отворија Пандорината кутија

Русија ги осудува неодговорните, опасни и провокативни потези преземени против Иран, изјави  постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја. САД ја отворија Пандорината кутија.  -Никој не знае какви нови катастрофи и

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

Демократска обнова на Македонија ја напушта коалицијата со СДСМ. Ова било решено на седница на Централниот одбор на ДОМ одржана пред два дена, на која, како што велат од партијата, се донесени
Go toTop