Бугарија: Се уништува големо количество вакцини против Ковид со истечен рок

March 6, 2023
1 min read

Бугарските здравствени власти денеска објавија дека оваа година ќе бидат уништени 2,8 милиони дози вакцини против Ковид со поминат рок.

Претходно, 2,3 милиони дози вакцини веќе беа уништени во земјата со најниска стапка на вакцинација во ЕУ.

Министерот за здравство Асен Меџидиев рече дека Бугарија има премногу вакцини, слаб опфат со вакцинација и дека нема луѓе кои сакаат да се вакцинираат.

Меџидиев, исто така, рече дека Бугарија ја повикала Европската комисија да го раскине договорот со Бионтек/Фајзер, според кој неговата земја е обврзана да купува вакцини против коронавирусот до 2025 година.

Тој додаде дека бугарската позиција ја поддржуваат Полска, Чешка и Литванија.

Министерот рече дека е „ирационално“ Бугарија, земја со 6,5 милиони жители, да купува вакцини кои на крајот ќе ги уништи.

Официјалните податоци покажуваат дека Бугарија уништила повеќе вакцини против Ковид отколку што примило тамошното население.

Во Бугарија се дадени 4,6 милиони дози, околу два милиони луѓе се целосно вакцинирани со две дози, а речиси еден милион добија „бустер“.

Податоците покажуваат дека земјата регистрирала околу 1,3 милиони потврдени случаи на Ковид и 38.211 луѓе починале.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

АСОМ: Владата го ускратува правото на дебата за предлог-измените на Законот за игри на среќа

Следно

Во угостителски објект во Центар: Скопјанец нападнат со тврд предмет

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop