Состојки: (за 4 лица)
- 1 голем карфиол (околу 600 г) или 2 средни
- 2 лажици маслиново масло
- 1 згмечен лук
- малку сол
- 200 грама сирење (полутврдо)
- 1 лажичка мелена пиперка
- 3 млади кромитчиња
Подготовка:
Исечете го карфиолот на стекови (дебелина од околу 1 см). Ставете ги на плех за печење покриен со хартија за печење. Измешајте го маслиновото масло, згмечениот лук, мелената пиперка и солта и премачкајте го карфиолот со смесата. Печете во претходно загреана рерна на 220 °C 10 минути, потоа свртете го, премачкајте го со четка и печете уште 10 минути. Додадете рендано сирење на сè уште топлите стекови, наросете со сецкан млад кромид.
Сервирајте топло
Извор: kurir.mk