Бројот на жртви во Турција и Сирија се искачи на 3 800, ЕУ активира посебен механизм за помош на двете земји

February 6, 2023
2 mins read

Според последниот биланс, во Турција во моментов се потврдени вкупно 2 379 смртни случаи, а бројот за жртви предизвикани од земјотресот во Сирија се искачи на 1 444

Поради катастрофалниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија, Европската Унија го активира својот механизам за одговор на кризи со цел побрзо да ги координира мерките за поддршка за двете земји. Ваквиот механизам, како што се додава во извештајот на Советот на ЕУ, ја зајакнува способноста на ЕУ да носи брзи одлуки кога се соочува со големи кризи кои бараат одговор на ниво на Унијата

Бројот на жртви во разорниот земјотрес кој денеска ги зафати Турција и Сирија, според последниот биланс, се искачи на 3 823, иако се очекува бројот на загинати да расте во текот на ноќта.

Според последниот биланс кој го објави британскиот дневник „Гардијан“, во Турција во моментов се потврдени вкупно 2 379 смртни случаи, а бројот за жртви предизвикани од земјотресот во Сирија се искачи на 1 444.

Вкупниот број на повредени во двете земји сега е поголем од 15 000.

Спасувачи трагаат по луѓе под урнатините предизвикани од земјотресот во градот Арманаз во Сирија / Фото: EPA-EFE/YAHYA NEMAH

Поради катастрофалниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија, Европската Унија го активира својот механизам за одговор на кризи со цел побрзо да ги координира мерките за поддршка за двете земји.

„Шведското претседателство одлучи на 6 февруари 2023 година да го активира Интегрираниот политички кризен одговор (ИПЦР) за да ги координира мерките за поддршка на ЕУ како одговор на земјотресот во Турција и Сирија, во тесна соработка со Европската комисија“,

се вели во соопштението на Советот на ЕУ.

Состаноците на Интегрираниот политички кризен одговор (ИПЦР) вообичаено вклучуваат релевантни институции на ЕУ и претставници од сите земји членки. Ваквиот механизам, како што се додава во извештајот на Советот на ЕУ, ја зајакнува способноста на ЕУ да носи брзи одлуки кога се соочува со големи кризи кои бараат одговор на ниво на Унијата.

Луѓе добиваат бесплатни оброци поделени по земјотресот во Дијарбeкир, југоисточно од Турција / Фото: EPA-EFE/REFIK TEKIN

Европската Унија претходно најави дека ќе формира и ќе испрати тимови за пребарување и спасување во Турција, а воедно на располагање ќе ги стави и услугите на сателитскиот систем „Коперник“. Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич претходно изјавија дека ЕУ е подготвена да им помогне и на погодените во Сирија преку своите програми за хуманитарна помош.

Поради смртоносните земјотреси и големиот број на жртви, Турција прогласи седумдневна национална жалост.

„Поради земјотресите што се случија во нашата земја на 6 февруари, прогласена е национална жалост во траење од седум дена. Нашето знаме ќе биде спуштено на половина копје до зајдисонце во недела на 12 февруари во целата наша земја и во претставништвата во странство“,

напиша турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Твитер.

Според Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби на Турција, за време на земјотресот, во земјата зе урнале најмалку 5 606 згради.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Гаревски: Градбите во земјава од 2014 година наваму се едни од најсигурните во Европа

Следно

(ВИДЕО) Нов земјотрес во Турција, бројот на загинатите се зголемува, зимските услови го отежнуваат спасувањето

Latest from Blog

МВР објави конкурс за вработување на 101 лице – може да се аплицира со диплома од средно образование

Министерството за внатрешни работи објави конкурс за вработување на 101 лица. Ќе вработува 48 лица, приправници со или без работно искуство со високо образование и  53 вработени со средно образование. Право на

Филипче: Неприфаќањето на лидерска средба е сигнал за политичка калкулација од тензиите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, предупреди дека одбивањето на иницијативата за лидерска средба ќе испрати опасна порака – дека некои политички фактори можеби имаат интерес од продолжување на тензиите. Тој повика на

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче потврди дека е продолжена рака на Заев, тој не се откажа од предавствата, аферите и криминалот

„Новиот“ тим на потрчкото на Заев, Венко Филипче се луѓе кои биле членови на поранешни НВО и Сорос активисти, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Филипче. Или Филипче само потврди дека е
Go toTop