Бројот на загинати во израелските напади врз Појасот Газа се искачи на 35.903

1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку 35.903 Палестинци се загинати во израелската офанзива врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година досега, соопшти денес Министерството за здравство во опколената енклава, јавува Анадолу.

Министерството наведе дека во нападите повредени се 80.420 лица.

„Во израелските напади во последните 24 часа загинаа 46 лица, а 130 беа повредени“, се вели од Министерството.

Израел започна напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври минатата година во кој загинаа околу 1.200 луѓе.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарната помош да стигне до цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Загрижувачка појавата на шверц на оружје од Косово во Албанија

Следно

Ердоган: Анкара ќе продолжи со притисокот врз Израел преку трговијата, дипломатијата сѐ додека не запре масакрот во Газа

Latest from Blog